Јуда () — еден од Дванаесетте апостоли на Исус според Новиот завет. Обично се нарекува и Тадеј (; ; сириски/арамејски: ), како и Јуда Тадеј, Јуда Јаковов или Левиј и се смета за основоположник и прв патријарх на Ерменската црква. Понекогаш се поистоветува со Јуда, братот Господов, но секогаш се издвојува од Јуда Искариот, апостолот што го предал Исус.
Православните го чествуваат на 19 јуни и 30 јуни по стар стил (2 јули и 13 јули по нов стил). Првиот датум е посветен само нему, а вториот е во склоп на Соборот на Светите славни и сефални Апостоли.
Ерменската апостолска црква ги чествува Тадеј и Вартоломеј како нејзини светци заштитници. Во Римокатоличката црква Јуда е светец заштитник на очајните и изгубените случаи.
Симбол на овој светител е тојагата. На иконите често е прикажан со пламен околу главата. Ова го означува неговото присуство на Педесетницата, кога го примил Светиот Дух заедно со другите апостоли. Се претставува и како носи слика на Исус Христос, наречена Мандалион. Во некои случаи носи свиток или книга (Посланието на апостол Јуда) или како држи столарско рамнило. мини|Апостол Јуда на мозаик во базиликата „Св. Виталиј“, Равена, VI век
Самоличност Нов завет Јуда е јасно издвоен од Јуда Искариот, друг апостол и подоцна предавник на Исус. Ова било мошне често еврејско име во тоа време.
Освен Јуда Искариот, Новиот завет спомнува Јуда шест пати, во четири различни контексти: „Јуда Јаковов“, еден од дванаесет апостоли (Лука 6,16 и Дела 1,13); „Јуда, (не Искариотски)“, апостол (Јован 14,22); брат Господов (Матеј 13,55, Марко 6,3); авторот на Посланието на апостол Јуда, кој се претставува како „брат на Јаков“ (Јуда 1,1).
Католичката традиција ги смета сите четворица за иста личност, додека протестантите ги сметаат 1 и 2 за една личност,Commentary on John 14:22, Expositor's Bible Commentary CDROM, Zondervan, 1978 иако теологот Рејмон Браун го смета ова поистоветување за несигурно.Brown, Raymond E., The Gospel According to Saint John volume 2, p. 641. Другите двајца обично се сметаат за иста личност, иако и ова не е сигурно, но секако се различни од 1 и 2.
Брат на Јаков или син на Јаков? Повеќето современи преводи го нарекуваат светителот „Јуда Јаковов“ (или „Јуда син на Јаков“), кој не е истата личност со авторот на Посланието на апостол Јуда. Второспоменатиот во посланието јасно се претставува како „брат на Јаков“ (Јуда 1,1), па така посвојното „Јаковов“ би значело дека е негов син.Darrell L. Bock, Luke, volume 1, 1:1–9:50, (Baker Books, 1994), p. 546 Оттука можеме да заклучиме дека овој Јуда не е брат на Исус.
Брат на Исус? Постои подвоено мислење по прашњето дали овој апостол Јуда е Јуда, брат Господов, традиционалниот автор на Посланието на апостол Јуда.Neyrey, Jerome H., 2 Peter, Jude, Anchor Bible Reference Library, Doubleday, 1993. p.44-45. Католиците го сметаат за истата личност, а протестантите не.
Според опстанатите одломки од делото „Изјаснување на Словото Господово“ на апостолскиот отец Папиј Јераполски (70–163), Марија, сопругата на Клеопа или Алфеј би била мајка на Јуда, братот Господов, кој Папиј го поистоветува со Тадеј:
Можна истоветност со Тадеј мини|Мачеништвото на Јуда Тадеј од Нирнбершката хроника, 1493 г.
Името „Јуда“ не се води во наведените апостоли во Матеј 10,3 и Марко 3,18, но затоа на негово место тие го спомнуваат Тадеј (или во некои ракописи на Матеј 10,3, „Левиј наречен Тадеј“, како во македонската стандардна библија). Поради ова, многу рани христијани ги здружиле двете имиња во „Јуда Тадеј“. Ова делува убедливо бидејќи „Тадеј“ личи на прекар, и поради тоа што многу новозаветни личности имаат повеќе од едно име (на пр. Симон Петар и Јосиф Варнава). Уште една причина е фактот што името веќе било оцрнето од Јуда Искариот. Некои сметаат дека токму ова е причината што Марко и Матеј го нарекуваат апостолот по другото име.For instance Otto Harpan, in "The Apostle" (Sands, 1962), quoted at
Некои библисти ја отфрлаат оваа теорија, сметајќи дека Јуда и Тадеј не се една иста личност.Pesch, Rudolf. "Simon-Petrus. Geschichte und geschichtliche Bedeutung der ersten Juengers Jesu Christ", Paepste und Papsttum 15, Hiersmann, 1980. p.36. Предлагаат друга теорија која би го образложила ова разидување: незапишана замена на едниот со другиот во времето на Исус поради отпадништво или смрт;Meier, John P., A Marginal Jew volume 3, pp 130–133, 200 можноста дека „дванаесет“ бил симболичен број и проценка;Sanders, E.P., Jesus and Judaism, Fortress Press, 1985. . p.102 или едноставно дека имињата не биле добро запишани во раната црква.Fitzmyer, Joseph, The Gospel according to Luke: Introduction, translation, and notes, Volume 2, The Anchor Bible, Garden City, NY: Doubleday, 1981–1985. . p.619-620
Тадеј, еден од дванаесетте апостоли, неретко е претставен како ист со Тадеј Едески, еден од Седумдесетте апостоли.
Во некои латински ракописи на Матеј 10,3, наместо Тадеј стои Јуда Зилот.
Преданија и легенди мини|лево|Ерменскиот манастир „Св. Тадеј“ во Иран Според традицијата, Јуда го проповедал словото во Јудеја, Самарија, Идумеја, Сирија, Месопотамија и Либија. Наводно ги посетил Бејрут и Едеса (Местопотамија), иако оваа мисија му се припишува и на Тадеј Едески (Адај), еден од Седумдесетте апостоли. Византискиот црковен историчар Никифор Калист Ксантопул (XIV век) вели дека Јуда бил младоженецот на свадбата во Кана. Легендата вели дека Јуда се родил во еврејско семејство во Панеада, паланка во Галилеја подоцна обновена во римско време и наречена Кесарија Филипова.
Веројатно е дека Јуда говорел и грчки и арамејски како и сите негови соверменици во тој крај, а по занимање бил земјоделец.Richard Bauckham The Relatives of Jesus Themelios Volume 21 (2)pp.18–21 1996 Според легендата, бил син на Клеопа и Марија Клеопова, сестра на Богородица. Татко му Клеопа умрел маченичка смрт поради неговата отворена посветеност на Христа.
Св. Григориј Просветител се нарекува „Апостол на Ерменците“ бидејќи го покрстил ерменскиот крал Тиридат III во 301 г., а со тоа и сите Ерменци. Меѓутоа, се смета дека апостолите Јуда и Вартоломеј први го донеле христијанството во Ерменија, и затоа се почитуваат како заштитници на Ерменската црква. Во потесна врска со ова предание се манастирите „Св. Тадеј“ (денес во северен Иран) и „Св. Вартоломеј“ (денес во југоисточна Турција), изградени во времето кога тие краишта биле во Ерменија.
мини|лево|Црквата „Св. Тадеј“ во Масис, Ерменија На 4 октомври 2015 г. патријархот Карекин II ја осветил црквата „Св. Тадеј“ во Масис, Ерменија. Местото на изградба било избрано и осветено од неговиот претходник Вазген I во 1991 г.
Смрт и останки
Според преданијата, Јуда умрел маченичка смрт околу 65 г. во Бејрут, Либан, заедно со апостолот Симон Зилот со кој обично се поврзува. Секирата со која е претставен на живописите го симболизира начинот на кој е убиен. Нивните дела и мачеништво се запишани во „Делата на Симон и Јуда“ меѓу збирките на житија и преданија поврзани со легендарниот епископ Авдиј Вавилонски, преведени на латински од неговиот ученик Тропеј Африкански според „Златната легенда“.
Се верува дека останките на Јуда се пренесени од Бејрут во Рим и ставени во крипта на базиликата „Свети Петар“, каде и денес прима многу посетители. Моштите се во левиот трансепт на базиликата, под главниот олтар на св. Јосиф, заедно со моштите на Симон Зилот. Тие се доведени на тоа место на 27 декември 1665 г. Друго народно предание вели дека Јудините останки биле во ерменски манастир на остров во северниот дел на езерото Исик-ќол во Киргистан, барем до средината на XV век. Подоцнежните преданија го порекнуваат ова, или велат дека биле преместени во уште позафрлено упориште на планинскиот масив Памир.
Во Кефар Барух во Јизреелската Долина најдена е едноставна костурница означена со натписот „Јуда Тадеј“ (Ιουδας Θαδδαιου), заедно со фрагменти од четири необележани костурници. Наоѓалиштето датира не подоцна од раниот II век.Prausnitz M. and Rahmani L.Y. (1967). Jewish Burial Caves of the Early Second Century CE at Kfar Baruch. In Me'eretz Kishon: The Book of the 'Emek. Kishon County Council, Tel Adashim. 309–312.
Иконографија
Јуда традиционално се претставува како носи слика на Исус во рака или на градите, повикувајќи се на легендата за Мандалионот запишана во апокрифната преписка помеѓу Исус и Авгар и внесена во делото „Црковна историја“, I, xiii на Евсевиј Кесариски. Евсевиј вели дека осроенскиот крал Авгар од Едеса (денес Шанлаурфа, југоисточна Турција) писмено му се обратил на Исус барајќи помош за болест што го мачи. Писмото го пратил по архиварот Ханан, и во него му нуди на Исус безбеден дом во неговото кралство. Пратеникот го насликал Исус со најдобри бои (според друга верзија, воодушевен од Авгаровата верба, Исус на своето лице притиснал платно и му го дал на Ханан) за да му го однесе на Авгар заедно со одговорот. Кога ја видел сликата на Исус, кралот го ставил платното на почесно место во еден од неговите дворци. По Христовото погубување, апостолот Јуда Тома го испратил Тадеј (еден од 70-те или 72 апостоли во Лука 10,1–12) кај кралот АвгарThe Doctrine of Addai, see http://www.tertullian.org/fathers/addai_2_text.htm и тогаш кралот оздравел. Вчудовиден, тој станал христијанин, а со него и добар дел од неговите поданици. Покрај ова, Јуда често е прикажан со пламен над главата, што го претставува неговото присуство на Педесетницата, кога го примил Светиот Дух заедно со другите апостоли.
Почитување мини|десно|Поворка во Лима, Перу.
Според преданијата, по неговото мачеништво, народот почнал да доаѓа на поклонение на неговиот гроб поради големата помош која им ја укажувал. Го добил звањето „Светец на безнадежните и очајните“. Св. Бригита Шведска и св. Бернард Клервојски имале виденија во кои Бог им заповедал да го прифатат Јуда како „светец надлежен за невозможното“.
Во православието, Апостол Јуда, син Јаковов (Левиј, Тадеј), брат Господов се чествува на 19 јуни одделно и на 30 јуни во склоп на празникот Собор на Светите славни и сефални Апостоли)
Јуда (заедно со Симон) се почитува во Црквата на Англија со слава на 28 октомври.
Католиците, англиканците и лутеранците го слават на 28 октомври.
Тадеј Едески, еден Седумдесетте апостоли (понекогаш поистоветен со Јуда Тадеј, еден од Дванаесетте апостоли) се чествува на 21 август и 4 јануари по стар стил (Собор на светите седумдесет апостоли) во православието.
Монашкиот ред Доминиканци почнал со својата дејност во денешна Ерменија набргу по неговото основање во 1216 г. Во овој период Јуда веќе бил значително почитуван меѓу католичките и православните Ерменци. Ова траело сè до прогонството на христијаните од ова подрачје од страна на муслиманите во XVIII век. Почитувањето на Јуда продолжило во XIX век, почнувајќи од Италија и Шпанија, па ширејќи се во Јужна Америка и најпосле во САД (најпрвин од околината Чикаго) заради влијанието на Кларетинците и Доминиканците во 1920-тите.
Заштитништво Кај некои римокатолици, Јуда се смета за „светец заштитник на изгубени случаи“. Ова наводно произлегува од фактот што луѓето го избегнувале во молитвите за да не бидат погрешно сфатени дека мислат на слично наречениот предавник Јуда Искариот. Според верувањето, овој запоставен светител станал доста зажелен да помогне на секој што ќе му се обрати, дури и во најочајни состојби. Page reference is to the 2004 printing of the fifth edition.
Јуда е заштитник на Чикашката полиција, цариниците, ФК Фламенго (фудбалски клуб од Рио де Жанеиро, Бразил) и две гелски спортски здруженија (во Даблин, Ирска и Саутхемптон и Борнмут, Англија). Важи и за надлежен во очајни состојби во болница. По него е наречена детската болница за терминални случаи во Мемфис, Тенеси.
Светилишта и цркви