мини|235x235пкс|Споменик 1, еден од четирите огромни глави, дело на Олмеците, во Ла Вента. Висок 2,4 метри. Олмеци — древна мезоамериканска индијанска племенска заедница што населувала мала област во денешно Мексико. Нивното име е условно, а познати се од ацтешките историски летописи во кои се споменуваат уште од II илјадалетие п.н.е. Олмеци е името на едно од племињата што живеело во бујната шумска област на мексиканските држави Веракрус и Табаско, каде некогаш живееле овие Индијанци. Во периодот од 2500 п.н.е. до 1600 — 1500 г. п.н.е. во областите каде што подоцна процветала цивилизацијата на Олмеците, се развила култура за која се верува дека била доолмешка. Олмешката цивилизација настанала околу 1600 — 1500 г. п.н.е. во југоисточниот дел на сегашната мексиканска држава Веракрус. Постоела околу илјада години — до 400 г. п.н.е. По 600 г. п.н.е. почнала да опаѓа, а околу 200 г. п.н.е. престанала да постои.Diehl, Richard A. (2004). The Olmecs: America's First Civilization. London: Thames and Hudson. pp. 9 – 25. ISBN 0-500-28503-9.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Олмеци Категорија:Заедници Категорија:Племиња __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Индијанци Категорија:Цивилизации