Ватрослав Лисински (8 јули 1819 – 31 мај 1854) ― хрватски композитор.
Лисински бил роден како Игнатиј Фухс во германско еврејско семејство. Подоцна ќе го промени своето име во Ватрослав Лисински, што е хрватска преведеница на неговото изворно име. Извесен период работел како службеник во судот (т.н. Бански стол) на Хрватска во Загреб.
Лисински ја компонирал првата хрватска опера „Љубов и злоба“ (1846), која ја напишал по наговор на Алберто Огњен Штрига и „Порин“ (1851), како и бројни дела за оркестар, хор и солисти. Концертната сала „Ватрослав Лисински“ го носи неговото име.
Тој исто така бил еден од основачите на илирството, движење кое го застапувало значењето на хрватското и поопшто јужнословенското културно наследство, како реакција на магијаризацијата за време на австроунгарското владеење.
Лисински умрел во Загреб на 31 мај 1854 година и бил погребан на гробиштата Мирогој. Gradska groblja Zagreb: Vatroslav Lisinski - pod ilir, Mirogoj RKT-908-PAVVEL-1
Меѓународниот воз ЕН 498/499 што ги поврзува Загреб и Минхен го носи името „Лисински“.
Поврзано Концертна дворана Ватрослав Лисински Лисински (филм)
Наводи
Категорија:Романтистички композитори Категорија:Погребани на гробиштата „Мирогој“ Категорија:Починати во 1854 година Категорија:Родени во 1819 година Категорија:Припадници на Илирското движење Категорија:Музичари од Загреб Категорија:Машки оперски композитори Категорија:Машки класични композитори Категорија:Еврејски оперски композитори Категорија:Австриски Евреи од 19 век Категорија:Хрвати со еврејско потекло Категорија:Хрватски класични композитори Категорија:Хрватски оперски композитори Категорија:Машки музичари од 19 век Категорија:Класични композитори од 19 век