Марјан Ристески (, ) — зограф од Велгошти.
Животопис Ристески e роден на 24 октомври 1971 година во Велгошти каде го завршил и основното образование. Средно образование завршува во Охрид, во Електромашинскиот училиштен центар (ЕМУЦ). За време на средношколското образование го открива својот уметнички талент.
Уште во средношколските денови почнува да твори како иконописец и станал познат во Охрид и околината како зограф-фрескописец. Бил зограф на скоро сите цркви во Велгошти, како и на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Охрид, црквата „Свети Никола“ во Пештани, црквата „Света Недела“ во Коњско, црквите „Св. Никола“ и „Св. Јован Крстител“ во Горно Лакочереј).
Фрескоживописувал и во Јабланица и Луково, Струшко, како и во бројни цркви во Ресенско и пошироко.
Наводи
Категорија:Македонски зографи Категорија:Велгошти