мини|десно|Раѕивиловски летопис Повест за минатите години () или Примарен летопис е најстар руски летопис настанат од околу 850 до 1110. Се смета дека оригинално настанал во или околу Киев во 1110те, од страна на монахот Нестор.
Ова дело долго време се сметало за основен извор во толкувањето на најраната историја на источните Словени.
Содржината на летописот денес е позната од неколку зачувани изданија и кодекси кои се ревидирале низ годините и покажуваат благ степен на варијација еден од друг. Поради неколкуте идентификувани хронолошки несовпаѓања во делото и многубројните логички неусогласености коишто биле посочени од историчарите низ годините, неговата вредност како веродостоен историски извор е ставена под строга контрола од страна на современите експерти во областа.
Наводи
Категорија:Старословенска книжевност