мини|245x245пкс|Знаме на политичката партија Атака. Претседател на партијата, Волен Сидеров, се смета за русофил. Русофилија () — поим користен за обележувајќи тие кои ја почитуваат и подржуваат Русија и нејзината култура. Во 19 век поради големата улога на Русија во Балканот, странските сили сметале дека поимот панславизам било подгрупа на русофилијата. Во 21 век претежно поради Руската инвазијата на Украина поимот русофил е негативно третиран во светските рамки. Денес русофилијата е најразвиена во Бугарија, Србија, Белорусија и Грузија.
Некои странски историчари го сметаат србофилството и русофилството како еден заеднички поим поради сличностите меѓу двете култури. Неил Вин го користил поимот Руска-Србофилија за двете култури во неговото дело „Neo-Medievalism and Civil Wars“. Според некои историски дела одредени српски националистички партии заедно со српската православна црква го злоупотребувале русофилството со политичка цел.
Бугарскиот национализам и бугарофилијата потекнуваат од русофилството. Бугарија е најголемата русофилска држава според мнозинството на истражувања. Мнозинството на историчари во бугарската историографија и странските историографии се согласуваат дека русофилијата била главната водачка идеалогија за време на преродбата во Бугарија, заради тоа преродбата се третира како продолжение на русофилското движење во Бугарија. Бугарија, од нејзиното ослободување за време на руско-турската војна од 1878 година до ден денес, е претежно русофилско.
Русофилија во Европа Русофилија во Србија мини|253x253пкс|Слика на првиот премиер на Бугарија Тодор Бурмов, во рани години бил словенофил но после ослободувањето на Бугарија станал голем русофил и почнал да ја води Бугарија кон русофилска идеалогија и блиска соработка со Русија. Русија е популарна во Србија, а многу Срби традиционално ја гледаат Русија како близок соработник поради заедничкото словенско наследство, култура и православна вера. Тие исто така имале долго трајна историска соработка од ослободувањето на Србија со помош на руски војници со турската армија. Според Европскиот совет за надворешни односи, 54% од Србите ја гледаат Русија како соработник. За споредба, 11% ја гледаат Европската унија како сојузник, а само 6% гледаат на САД на ист начин. За време на руската инвазија на Украина во 2022 година, Народната патрола, десничарска група, организирала русофилски собири во Белград, на кои присуствуваа 4.000 луѓе.
Русофилија во Црна Гора Црна Гора е исто така православна и словенска земја. Во Подгорица се наоѓа Московскиот мост и до мостот статуа на рускиот пејач и актер Владимир Висоцки. За време на руската инвазија на Украина во 2022 година, во Никшиќ се одржувало русофилска средба. Голем дел од русофилите во државата се исто така србофили.
Русофилија во Украина По украинската независност во 1991 година, на референдумот за независност на Украина во 1991 година, 92%, вклучувајќи и 55% од етничките Руси гласале за независност од СССР, но некои Украинци, претежно на источниот и јужниот дел на земјата, гласале за по голем русофилски став на владата, почнувајќи со поблиско економско партнерство до целосна национална унија.
Русија и Украина имале особено блиски економски врски, а русофилската политичка партија, Партијата на регионите, станала најголемата партија во Врховната Рада на украинските парламентарни избори во 2006 година, добивајќи 33% од гласовите. Таа останала водачката сила во украинската политика, до Револуцијата на достоинството во 2014 година. По руската воена интервенција во Украина во 2014 година, целокупниот став на Украинците кон Русија и Русите станала повеќе негативна,How Ukraine views Russia and the West, Brookings Institution (18 October 2017) при што повеќето Украинци посакале членството во НАТО и Европската Унија заради економски причини и безбедност.
Русофилски протести за време на руската инвазија на Украина во 2022 година
Како одговор на руската инвазија на Украина во 2022 година и на проукраинските, антивоени протести ширум низ светот, биле одржани многу русофилски контрапротести. Вакви протести се одржале во повеќе земји, меѓу кои и Австралија. Буркина Фасо, Централноафриканска Република, Чешка, Германија, Молдавија, Палестина, Србија и Бугарија.
Русофилија во Бугарија мини|Слика прикажувајќи го Захариј Стојанов. Со разлика од голем дел од тогашните револуционери којшто биле русофили, Стојанов бил русофоб и активно соработувал со Стамболов. Заради тоа русофилската историографија на Бугарија во време на комунистичкиот период активно го потценувале неговото учество. Главниот водач на тоа бил Христо Христов, којшто го претставил како русофил којшто за време на владеењето на Стамболов си ја предадел неговата идеалогијата. Русофилството во Бугарија за прв пат се ширило за време на тогашната русофилска преродба. Причината за тоа било дека народот во Бугарија верувале дека единствениот надеж за нивното ослободување било Руското Царство. Првата русофилска заедница во Бугарија била Доблесното друштво, организирана од емигранти во Букурешт во 1853 година.Дойнов, Стефан. Българите в Украйна и Молдова през Възраждането (1751 – 1878). София, Академично издателство „Марин Дринов“, 2005. ISBN 954-322-019-0. с. 151. Во 1867 година, идниот прв премиер на Бугарија Тодор Бурмов го објавил неговиот памфлетот „Братско објаснување на Бугарин на неговите браќа Бугари“ каде што го именувал бугарскиот народ како потомци на Русите.Йоцов, Борис. Славянските литератури и славянското съзнание в България. // Славянски глас: Годишник на Славянското дружество в България 2. 2011. с. 9 – 34.
Во 1877 година, за време на Руската војна против Отоманците, Петко Славејков ја напишал песната „Бугарската вера и надеж кон Русија“, посветена на рускиот народ и нејзиниот тогашен цар. Во 1878 година, Иван Вазов којшто бил истакнат автор од Бугарија со македонски корени во Кукуш ја произведел неговата трета стихозбирка „Избавување“, дел од која е песната „Здраво, браќа!“.
По ослободувањето на Бугарија, било основано „Словенското друштво во Бугарија“, во 4 декември 1899 година во Софија. Служело за ширењето на русофилските идеи во земјата. Претседател станал митрополитот и идниот премиер на Бугарија Васил Друмев, а соработници и членови на друштвото била Илија Куртев, Игнатиј Рилски, Костадин Апостолов и други преродбенички русофили. Словенското друштво уште постои ден денес, како едно од најстарите друштва во Бугарија.Милева, Румяна. Учредяване на Славянското дружество в България. Славянско дружество в България (официален сайт), 29.08.2015. Посетен на 08.08.2016.
Од 2015 година, во Бугарија имало околу 180 русофилски организации.„Русофилите се обединяват в партия .“ nbox.bg, 21 август 2015 г. Едно од најистакнати меѓу нив е Националното движење „Русофили“ основано во 2003 година. Годишно одржува собир на русофили во Бугарија во септември. Во нивната средба во 2015 година собрале над 12.000 луѓе.Тенева, Олга. XII-ият Национален събор на приятелите на Русия се проведе на язовир „Копринка“. // Официален сайт на НД „Русофили“, 08.09.2015. Посетен на 08.08.2016. За тоа коменитрал во 2016 година еден од кандидатите за претседател на Бугарија Ивајло Георгиев Калфин дека да си русофил било исто како да си бил бугарофил.
Во едно истражување во Бугарија околу 43% од народот се сметале како русофилиНай-много русофили в България живеят в провинцията од Radio Bulgaria но според некој пристранети истражувања од русофилски организации околу 80% од народот во Бугарија биле русофили, или барем имале некој позитивно гледиште кон Русија.Колко пък да сме русофили? Клуб Z Во Бугарија имало многу русофилски културни клубови со околу 35.000 членови низ Бугарија.
Русофилско влијание врз бугарскиот јазик и азбука
мини|Слика прикажувајќи термини којшто се слични во рускиот и бугарскиот јазик. Во време на кодификацијата на азбуката во 1945 година комитетот и Марин Дринов одлучиле да ги преместат голем дел од зборовите со турско потекло со руски зборови заради тогашното русофилско влијание. Во 1945 година азбуката на Бугарија била обновена и кодифицирана од страна на русофилот Марин Дринов, Дринов имал големо влијание од тогашната руска азбука заради тоа намерно ги отстранил буквите во азбуката на Бугарија којшто не биле во руската азбука,За новобългарското азбуке : статия от М. Дриновъ. - Периодическо списание на Българското книжовно дружество : Год. 1, кн. 2 (1870), с. 13. заради русофилското влијание врз јазикот, сличностите помеѓу Рускиот и Бугарскиот јазик се минимални. Според некој истражувања околу 23% од граѓаните во Бугарија можат да комуницираат користејќи Руски и било четврти најкористен јазик во Бугарија.
Во една статија од македонскиот портал МКДПресЕУ се истакнало како имало можност дека јазикот на Бугарија била мешавина на рускиот и српскиот јазик. Во едно интервју во Република, професор од Бугарија Стефан Цанев истакнал како заради сличностите помеѓу двете азбуки Европската Унија им ја сметале нивната азбука како руски, според него:Во еден интервју со македонскиот историчарот Бранислав Светозаревиќ во Пустец за време на неуспешниот отворен ден за бугарски клуб во Албанија којшто било дел од процесот на бугаризација на македонското малцинство во Албанија тој најавил кон новинари од Бугарија дека нивниот јазик бил македонски дијалект со додадени руски зборови. Според некој истражувања околу 74% зборови во јазикот на Бугарија се слични со рускиот јазик.What Other Languages Can You Understand If You Know Russian? од РашинТуторинг Народот во Бугарија имаат добро разбитање на рускиот јазик, околу 23% од народот во Бугарија можеле да зборуваат руски, според тоа рускиот јазик би бил трети најкористен јазик во Бугарија.6 MOST SPOKEN LANGUAGES OF BULGARIA во 3 Јули 2020 Наводи
Категорија:Алофилија Категорија:Надворешни односи на Русија Категорија:Руска култура Категорија:Русофили