мини| Монета од 2000 динари/2 крани од времето на Мохамад Али Шах Каџар. Кран () ― поранешна валута на Иран помеѓу 1825 и 1932 година. Бил поделен на 20 шахи или 1000 динари и вредел десетина од еден томан. Ријалот го заменил кранот со сооднос 1:2 во 1932 година, иако бил поделен на сто (нови) динари. Кран повеќе не е службена деноминација, но поимот сè уште ужива широка употреба кај Иранците.

Вредност Од 1874 до 1895 година, вредноста на кранот била намалена за половина во однос на фунтата, од 1 кран еднаков на 9,6 пенија до 4,8 пенија (50 крани за 1 фунта), што потоа ја задржа таа вредност во следните неколку години.Britannica

Во 1930 година, тој бил врзан со фунтата на 59,75 крани = 1 фунта, иако постоеше регулиран напореден пазар каде цената на фунтата била многу повисока од гореспоменатата законска стапка.

Монети До 1876 година, сребрените монети биле ковани во апоени од ⅛, ¼, ½ и 1 кран. Во 1876 година била воведена бланширана кованица, со апоени од 12, 25, 50, 100 и 200 динари, ¼, ½, 1, 2 и 5 кирани. Златните монети и банкнотите биле деноминирани во томани.

Наводи

Надворешни врски

Iran Collection , мрежна страница за персиски банкноти и монети од каџарското време

Категорија:Престаноци во 1932 година Категорија:Појавено во 1825 година во Иран Категорија:Економска историја на Иран Категорија:Современи поранешни валути Категорија:Валути на Иран