Пордим () — гратче во Северна Бугарија, административен центар на општината Пордим во Плевенската Област. Има население од околу 2.020 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Гратчето се наоѓа на 21 км од регионалниот центар Плевен и 202 км од главниот град Софија. Сместено е во централниот дел на Дунавската Рамнина.

Историја За време на Руско-турската војна (1877-1878) командата на романската војска била воспоставена во Пордим. Помеѓу 1904-1907 година во зградата во која живеел кралот Карол I за време на воените операции во Бугарија бил основан музеј посветен на учеството на Романија во Руско-турската војна помеѓу 1877-1878 година.

По повод 100-годишнината од ослободувањето на Бугарија од 13 јануари 1978 година Пордим добил статус на град.Указ № 1866 от 17 ноември 1977 г. Обн. ДВ. бр. 4 от 13 януари 1978 г.

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Пордим

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Плевен