Криводол () — гратче во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Криводол во Врачанската Област. Има население од околу 2.986 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Градот се наоѓа на 130 километри северно од Софија и на еднакво растојание (околу 20 километри) од регионалните центри Враца и Монтана. Низ него минува главната железничката линија Софија — Видин.

Историја Во времето на Тракијците и Римјаните подрачието на денешен Криводол вриело од живот. Во доцното римско време овде биле изградени многу римски куќи, вили и тврдини. Од камен натпис од 2 век дознаваме дека денешниот Криводол се наоѓа на територијата некогашниот римски град Тафтиомос.

Сегашното име Криводол се јавува за прв пат во османлиски документ од средината на 15 век како зијамет со 63 домаќинства и во друг документ од 1675 година.Из миналото на Криводол

Во периодот 1910-1913 година овде била изградена железничка станица по главната линија што ги поврзува Софија со Дунавскиот Регион и Видин. Тоа поврзување ја направила населбата транспортен, трговски и културен центар.

Криводол бил признат за град со Указ бр. 829 објавен на 29 август 1969 година.

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Криводол

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Враца