Долна Орјаховица () е град во Северна Бугарија. Се наоѓа во општината Горна Орјаховица, во Великотрновската Област. Има население од околу 2.696 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија Долна Орјаховица се наоѓа на левиот брег на реката Јантра во непосредна близина на градовите Горна Орјаховица, Љасковец и Велико Трново.

Историја Долна Орјаховица е наследник на стара населба, која е позната по плодното земјиште и зеленчуковите градини. За прв пат се споменува во османлиски ферман од 1538 година. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, двајца од Долна Орјаховица доброволно се пријавиле во Македонско-одринското ополчение.Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 843. Во поново време, многу жители на Долна Орјаховица почнале да се иселуваат во Горна Орјаховица и Велико Трново.

Наводи

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Велико Трново