Џејкоб Матју Рамзи (роден на 28 мај 2001, во Бирмингем) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Њукасл Јунајтед.

Клупска кариера Роден во Бирмингем, Рамзи се приклучил на младинската академија на Астон Вила на 6-годишна возраст. Својот прв професионален договор со клубот, Рамзи го потпишал на 15 јануари 2019 година, додека околу еден месец подоцна тој го направил своето професионално деби играјќи во поразот со 2-0 од Вест Бромвич во натпревар од Чемпионшип одигран на 16 февруари 2019. На 1 мај истата година, тој бил прогласен за најдобар фудбалер во академијата на Вила за сезоната која што штотуку завршила.

Искористен во само два куп натпревари следната сезона, на 31 јануари 2020 година, тој бил позајмен на Донкастер Роверс откако го обновил договорот на дополнителни три и пол години. Тој го направил своето деби за својот нов клуб на 4 февруари постигнувајќи гол во победата од 3-0 против Транмир, во која ги постигнал своите први два гола во сениорскиот фудбал. По 7 натпревари и 3 гола за Донкастер во Лига Еден, тој се вратил во Астон Вила, приклучувајќи се на групата за преостанатите натпревари од Премиер лигата, одложени поради пандемијата на КОВИД-19.

Откако бил потврден во тимот на Вила за сезоната 2020-2021, на 15 септември 2020, тој го забележал својот прв старт во почетниот тим на Астон Вила за време на победата со 3-1 против Бартон Албион во натпревар од Лига купот. Две недели подоцна, тој го направил своето деби во Премиер лигата, влегувајќи како замена за Конор Хурихејн на петнаесет минути до крајот на натпреварот во кој Астон Вила го победила Фулам со 3-0.. Сезоната 2020-2021 ја завршил со 22 настапи во Премиер лигата, главно влегувајќи од клупата за резерви, и три настапи во Лига купот.

На 22 октомври 2021 година, Рамзи го постигнал својот прв гол за Астон Вила во кариерата, во поразот со 3-1 од Арсенал.

На 17 август 2025 година, Рамзи потпишал за Њукасл Јунајтед, во трансфер вреден околу 40 милиони фунти.

Репрезентативна кариера Има играно за младинските репрезентации на Англија до 16, до 18, до 19 и до 21 година; со последната репрезентација учествувал на Европското првенство за играчи под 21 година 2023.

Статистика на кариерата Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 9 февруари 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-2019 ФЛЧ 1 0 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - 1 0 2019-јан. 2020 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - 2 0 јан.-јун. 2020 Донкастер Роверс ФЛ1 7 3 ФАКуп+ЛК 0 0 - - ФЛТ 0 0 7 3 2020-2021 ПЛ 22 0 ФАКуп+ЛК 0+3 0 - - - - - 25 0 2021-2022 ПЛ 34 6 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - 35 6 2022-2023 ПЛ 35 6 ФАКуп+ЛК 1+2 0 - - - - 38 6Вкупно Астон Вила 92 12 9 0 - - 0 0 101 12Вкупно во кариерата 99 15 9 0 - - 0 0 108 15

Титули Репрезентативни Англија под 21 година Европско првенство за играчи под 21 година : 1 2023

Наводи

Надворешни врски

Џејкоб Рамзи на soccerway Џејкоб Рамзи на transfermakt Џејкоб Рамзи на whoscored Џејкоб Рамзи на espn

Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери на ФК Њукасл Јунајтед Категорија:Родени во 2001 година