Харви Даниел Џејмс Елиот (роден на 4 април 2003, во Чертси) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Валенсија, на заем од Ливерпул.

Биографија Харви Елиот е роден во Чертси, Сари, како дете на Скот и Џанин Елиот. Тој има сестра, по име Даниела и брат, кој се вика Харисон.

Тој покажал интерес кон фудбалот уште од рана возраст и бил голем навивач на Ливерпул во детството.

Технички карактеристики Офанзивно крило, деснак, со одлична техника и многу брз. Има одлични долги додавања и е способен да дава асистенции за соиграчите. Покрај тоа, тој располага со моќен и прецизен шут, поради што претпочита да игра покрај аут-линијата, за потоа да може да се движи кон средината од каде се обидува да шутира кон голот.

Клупска кариера Фулам Елиот се приклучил на младинската академија на Квинс Парк Ренџерс на рана возраст, откако бил одбиен од Челси поради тоа што бил „премногу низок“.

Подоцна, Елиот дошол во академијата на Фулам, приклучувајќи се во нивниот тим под 18 години. Своето деби за првиот тим го имал на 25 септември 2018 година, на возраст од само 15 години во натпреварот од третото коло на Лига купот на гостински терен против Милвол, влегувајќи како замена во 81-вата минута за Флојд Ајите во победата од 3–1. Со само 15 години и 174 дена, тој стана најмладиот играч во првиот тим на клубот и најмладиот што некогаш играл во натпреварувањето.

На 4 мај 2019 година, Елиот го имал своето деби во Премиер лигата, влегувајќи како замена во 88-мата минута за Андре-Франк Замбо Ангиса во поразот од 1–0 на гостувањето кај Вулверхемптон Вондерерс. Со тоа, тој станал најмладиот играч кој заиграл во Премиер лигата во тоа време, на 16 години и 30 дена, соборувајќи го дотогашниот рекорд поставен во 2007 година од друг играч на Фулам, Матју Бригс. Елиот го држел рекордот до 18 септември 2022 година, кога истиот бил скршен од играчот на Арсенал, Итан Нванери.

Ливерпул На 28 јули 2019 година, Елиот потпишал за . Своето деби за „црвените“ го направил на 25 септември 2019, во натпреварот од Лига купот против Милтон Кинс Донс. На возраст од 16 години и 174 дена, тој станал најмладиот играч што започнал натпревар за Ливерпул и втор најмлад играч што настапил во официјален натпревар за клубот зад Џером Синклер. Следниот месец, за време на победата со 5–4 по изведување пенали (откако по регуларното време и продолженијата резултатот бил нерешен 5–5) над Арсенал во следната рунда од натпреварувањето, Елиот станал најмладиот играч кој започнал натпревар за Ливерпул пред домашната публика, на Анфилд, на возраст од 16 години и 209 дена. На 2 јануари 2020 година, тој го имал своето деби во Премиер лигата, заменувајќи го Мохамед Салах во победата со 2–0 на домашен терен над Шефилд Јунајтед.

Својот прв професионален договор со Ливерпул го потпишал на 6 јули 2020 година. На 10 февруари 2021 година, независниот Комитет за компензација во професионалниот фудбал му наложил на Ливерпул да му надомести на Фулам неоткриена сума за трансферот на Елиот. Ливерпул ја потврдил сумата која изнесувала 1,5 милиони фунти, плус 2,8 милиони фунти во бонуси. Надоместот претставувал рекорд за 16-годишен фудбалер.

Позајмицата во Блекбурн Роверс На 16 октомври 2020 година, тој бил позајмен на Блекбурн Роверс, до крајот на сезоната 2020-2021. Своето деби за клубот во Чемпионшип го имал во поразот со 3–1 на гостувањето кај Вотфорд на 21 октомври. Својот прв гол за клубот го постигнал во победата од 4–0 на гости против Ковентри Сити на 24 октомври. Сезоната во второто ниво на англискиот фудбал ја завршил со 7 гола и 11 асистенции, по што бил номиниран за наградата ФЛА Млад играч на годината, која на крајот ја добил Мајкл Олисе од . Исто така, бил прогласен за добитник на наградата за гол на сезоната на Блекбурн, за неговиот погодок постигнат против Милвол во декември.

Враќање во Ливерпул

Во летото 2021 година, Елиот се вратил во Ливерпул потпишувајќи нов договор со клубот на 9 јули 2021. На 21 август, тој го започнал и го одиграл целиот натпревар завршен со победа од 2–0 над Барнли во првенството. На 12 септември 2021 година, Елиот се здобил со изместување на глуждот после дуелот со дефанзивецот на , Паскал Струјк, за време на првенствената победа од 3–0. По прегледите, Ливерпул потврдил дека ќе му биде потребна операција. На 14 септември, Елиот бил подложен на успешна операција во Лондон, а клубот се надевал дека тој ќе се врати пред крајот на сезоната 2021–2022.

Елиот се вратил во акција на 6 февруари 2022 година, играјќи во натпреварот од четвртото коло на ФА Купот против Кардиф Сити, во кој влегол како замена во 58-мата минута и го постигнал својот прв гол за Ливерпу придонесувајќи за успехот со 3–1. На 16 февруари, тој го имал своето деби во Лигата на шампионите, започнувајќи во почетниот состав во натпреварот од осминафиналето против италијанскиот, Интер на „Џузепе Меаца“; натпреварот завршил со победа на Ливерпул од 2-0, а тој играл до 60-тата минута кога бил заменет од Наби Кеита. На крајот на истиот месец, тој влегол во игра и во финалето на Лига купот, заменувајќи го капитенот Џордан Хендерсон во 79-тата минута. Натпреварот завршил без голови по регуларното време и продолженијата и стигнал до изведување на пенали, каде Елиот бил еден од прецизните изведувачи за својот тим, помагајќи им на „црвените“ да победат со 11-10 на пенали и да го освојат првиот Лига куп во 10 години. Сезоната ја завршил со 11 настапи и еден гол во сите натпреварувања, освојувајќи го и ФА купот на крајот од сезоната со својот клуб.

На 27 август 2022 година, Елиот го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во својата кариера, во победата на Ливерпул со 9–0 над Борнмут. Тој станал редовен играч во првиот тим во текот на сезоната 2022-2023, заменувајќи го главно Џордан Хендерсон додек капитенот бил отсутен, и добил пофалби за неговиот „исклучителен“ настап против Њукасл Јунајтед. На 12 октомври 2022 година, Елиот го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите, сместувајќи ја во мрежата одбиената топка по обидот на Диого Жота во победата од 7–1 над Ренџерс. Потоа, тој го постигнал својот втор гол во Лигата на шампионите само две недели подоцна, реализирајќи го третиот погодок во победата од 3–0 над Ајакс на Јохан Кројф Арена за да му помогне на Ливерпул да се квалификува за нокаут фазата. Во сезоната 2022–2023, Елиот го имал својот пробив во Ливерпул, одиграл 46 натпревари во сите конкурениции и постигнувајќи 5 гола иако истата завршила со големо разочарување откако клубот не успеал да се квалификува за Лигата на шампионите. Следната сезона, тој бил редовен стартер забележувајќи 53 настапи и 4 гола, освојувајќи го својот втор Лига куп со клубот.

Во сезоната 2024-2025, сега веќе со нов тренер откако Арне Слот го заменил Јирген Клоп, Елиот ја освоил својата втора титула во Премиер лигата со Ливерпул, за која придонел со 18 настапи и еден постигнат гол. На 5 март 2025 година, Елиот влегол во игра на местото на Мохамед Салах во 86-тата минута и го постигнал победничкиот гол само 47 секунди подоцна во победата со 1-0 над Париз Сен Жермен во Лигата на шампионите. На 16 март, тој се појавил како замена во финалето на Лига купот и асистирал за голот на Федерико Кјеза, кој сепак бил недоволен за Ливерпул да го избегне поразот од 2-1 од Њукасл Јунајтед. Сезоната ја завршил со 28 настапи и 5 гола.

Репрезентативна кариера Во 2018 година, тој ги имал првите настапи за Англија во младинските репрезентации: со репрезентацијата под 15 години во 2 настапи, постигнал три гола, а одиграл и еден натпревар за репрезентацијата под 16 години. Во октомври истата година, Елиот го добил и својот прв повик во репрезентацијата под 17 години, за која еден месец подоцна го постигнал и првиот гол во натпревар против Ирска.

Тој бил вклучен во составот на Англија под 17 години за Сиренка купот 2019, пријателски турнир кој обично се одржува како подготовка за квалификациите за Европското првенство под 17 години. Елиот и помогнал на Англија да го освои натпреварувањето, постигнувајќи го првиот гол од пенал во финалето кое завршило 2–2 против домаќинот Полска, по што англичаните биле подобри со 3–1 по изведувањето на пенали.

На 25 март 2022, дебитирал за репрезентацијата под 21 година, во натпреварот добиен со 4-1 против Андoра во квалификациите за Европското првенство.

Тој бил повикан во составот на Англија за Европското првенство за играчи под 21 година 2023, во Романија и Грузија. На првенството го нашол својот прв гол за репрезентацијата под 21 година, во победата со 2-0 над , во последниот натпревар од групната фаза. Англија продолжила со добрите игри стигајќи се до финалето, во кое тој влегол како замена, за да ја прослави со соиграчите победата од 1-0 над , освојувајќи го својот прв репрезентативен трофеј.

Две години подоцна, тој одново ја претставувал англиската репрезентација под 21 година на Европското првенство во категоријата овојпат одржано во Словачка. Елиот бил убедливо најдобриот играч во својата репрезентација на турнирот, предводејќи ги англичаните до одбраната на титулата, со головите постигнaти во четвртфиналето против Шпанија, двата гола за успехот со 2-1 над во полуфиналето, а исто така го отворил резултатот и во финалето добиено со 3-2 по продолженија против Германија. По завршувањето на првенството, Елиот бил прогласен за „Најдобар играч на турнирот“.

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 1 јули 2025. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-2019 ПЛ 2 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - 3 0 2019-2020 ПЛ 2 0 ФАКуп+ЛК 3+3 0 ЛШ 0 0 КШ+СУ+Скп 0 0 8 0 сеп. 2021 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛШ 0 0 - - - 1 0 сеп. 2020-2021 ФЛЧ 41 7 ФАКуп+ЛК 1+0 0 ------ 42 7 2021-2022 ПЛ 6 0 ФАКуп+ЛК 3+1 1+0 ЛШ 1 0 - - - 11 12022-2023 ПЛ 32 1 ФА Куп+ЛК 3+2 2+0 ЛШ 8 2 КШ 1 0 46 52023-2024 ПЛ 34 3 ФАКуп+ЛК 3+6 1+0 ЛЕ 10 0 - - - 53 42024-2025 ПЛ 18 1 ФА Куп+ЛК 2+3 0+1 ЛШ 5 3 - - - 28 5Вкупно Ливерпул 92 5 30 5 24 5 1 0 147 15Вкупно во кариерата 135 12 32 5 24 5 1 0 192 22

Рекорди Најмлад фудбалер (15 години и 174 дена) кој го имал своето деби во Лига купот на Англија.

Титули Клупски Ливерпул Премиер лига : 2 2019-2020, 2024-2025 ФА куп : 1 2021-2022 ЕФЛ куп : 1 2021-2022 ФА Комјунити Шилд : 1 2022

Астон Вила Лига Европа : 1 2025-2026

Репрезентативни Англија под 21 година Европско првенство за играчи под 21 година : 2 2023, 2025

Наводи

Надворешни врски

Харви Елиот на soccerway Харви Елиот на transfermakt Харви Елиот на whoscored Харви Елиот на espn

Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Блекбурн Роверс Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери на ФК Валенсија