Провадија () — град во северна Бугарија, административен центар на општината Провадија во Варненската Област. Има население од околу 12.419 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија и местоположба Градот е сместен на Провадиската Река, покрај Провадиската Клисура, опкружен со високи карпи од исток и запад. Градот се наоѓа на 47 километри западно од регионалниот центар Варна, на 53 километри југоисточно од Шумен и на 410 километри североисточно од Софија.
Историја Провадија е населба со над 25 вековна историја. Најраните откриени траги од човечка активност во областа датираат од 5 век п.н.е., кога овие земји биле населени со Тракијци. Материјално наследство на нивната култура се зачуваните околу 30 карпести гробници сместени во областа „Табиите“.Град Провадия, svetimesta.com, посетен на 14 декември 2019 г.
Прифатена е тезата дека денешниот град е наследник на византиската тврдина која настанала во V век, која била дел од изградениот фортификациски систем против воинствените племиња кои напаѓале од север. Византијците го нарекле „Проватон“ (Πρόβατον). Постојат различни претпоставки за потеклото на ова име: едната го поврзува со премин или проход, додека другата верзија е врзана за преводот од старогрчкиот јазик на името „Проват“ (Προβάτ), што значи „овца“. Веројатно поради добро развиеното овчарство во овој регион.
Словените што се населиле овде (6-7 век) ја нарекле тврдината „Овеч“ - буквален превод на византиското име. Подоцна дошле прабугарите на Аспарух исто така го прифатиле ова име, кое останало и во следниот среден век. Веќе во границите на бугарската држава, утврдувањето брзо прераснало во населба, па дури станало и воено-административен центар. За тоа придонело нејзината стратешка локација - близината до престолнините Плиска, Преслав и Варна.
За време на Второто бугарско царство (12-14 век), градот бил чуен занаетчиски и трговски центар, тука доаѓале трговци од Дубровник, Ерменија и други далечни земји. Овеч се издигнува како еден од најважните градски центри на Бугарија, заедно со Велико Трново, Велики Преслав, Червен, Дрстр и Софија.
Според Константин Иречек, за време на отоманскиот период, Провадија била главен источен балкански центар на дубровничката трговија, а локалната дубровничка колонија ја користела нејзината засводена црква.Иречек, Константин, История на българите, София, 1978, стр. 492 За време на Руско-турската војна (1828-1829), градот бил целосно уништен и со години бил повторно граден.За Провадия – Исторически музей град Провадия Бројот на бугарското население значително се намалило како резултат на неколкуте емиграциски бранови во Русија и Романија.
Ослободувањето на Бугарија од османлиската власт го нашол градот со околу 3500 жители. Градот брзо растел и се развивал, се зголемил бројот на жители, се отвориле мелници, маслени, фабрики за лакови, сапуни и текстил.
Наводи
Надворешни врски Официјална веб-страница на Општината Провадија
Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Варна