Кичевски народноослободителен баталјон е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.

Формиран е на 23 септември 1943 година во Кичево, по ослободувањето на градот. Тој бил прв баталјон на Прва оперативна зона на НОВ и ПОМ. Се состоел од околу 100 партизани од Мавровско-гостиварскиот партизански одред „Кораб“ и Кичевскиот народноослободителен партизански одред „Козјак“, како и од нови борци од реонот на Кичево, Маврово и Гостивар. Баталјонот се судира со германски и балистички војски во планината Буковиќ на 1 октомври, и меѓу 5 и 9 октомври кај селата Извор и Кленовец.

Баталјонот влегува во состав на Првата македонско-косовска ударна бригада во текот на ноември 1943 година, кај селото СливовоМакедонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 696..

Состав Том Ѓелај - командир

Наводи

Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:Баталјони на НОВМ