Дваесет и првиот - роман на македонскиот писател Томислав Османли објавен во 2009 година во издание на „Блесок“.

За книгата Романот Дваесет и првиот е добитник е на наградата Роман на годината на Утрински весник за 2009 година Истиот беше номиниран и за наградата Балканика.

Преведен е на српски, бугарски, руски, арапски и други јазици.

Извадок од романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли.

11.

Во втренченото барање на тајниот влез во подоброто утре, професорот Климент Кавај не остануваше на делникот, туку се движеше низ времето, споредуваше со минатото, одеше напред кон некоја неизвесна, а секако подобра иднина, кон едно светло време во кое оваа земја ќе ги живее деновите на склад и спокој. Во една книга што му ја беше дал неговиот стар пријател и колега од факултетот за архитектура и кој му беше другар од младоста, за нивното родно место Кавај го најде записот: „Јас нема да испуштам да забележам уште еден натпис што го нема кај другите патописци, а кој може да биде навистина интересен. Тој се наоѓа на еден камен што е пронајден во урнатините на црквата Св. Варвара и кој, навистина, нецелосно, гласи: ΑΓΑΘΗ ΤΥΧΗ ΛΥΧΝΕΙΔΙΩΝ“, што во превод значеше: „Добрата (но и чистата, чедната) среќа на Охриѓаните“ и што за професорот Кавај сега добиваше пошироко значење и смисла на благослов, но и предвидување, вдлабено во камен за да трае за вечни времиња…

Наводи

Надворешни врски Дваесет и првиот

Категорија:Македонска книжевност