Лудвиг III (германски: Ludwig der Fromme; 1 јануари 1554, во Штутгарт – 18 август 1593, во Штутгарт) — војвода на Виртемберг од 1568 до неговата смрт.
Како единствениот преживеан син на Кристоф, војвода на Виртемберг, тој го наследил по неговата смрт на 28 декември 1568 година. Неговото владеење најпрво било под старателство на неговата мајка Ана Марија од Бранденбург-Ансбах, војводата Волфганг, гроф Палатин од Цвајбрикен и маркгравовите Џорџ Фридрих, Маркграв од Бранденбург-Ансбах и Карл II, Маркграв од Баден-Дурлах.
Не оставил потомци, а војводството преминало на неговиот брат Фридрих I.
Категорија:Родени во 1554 година Категорија:Починати во 1593 година Категорија:Грофови на Виртемберг Категорија:Војводи на Виртемберг