Ренџерскиот баталјон — поранешна елитна единица на Полкот за специјални операции при Армијата на Република Македонија спремна за изведување на специјални и специфични офанзивни операции во сите земјишни и временски услови. Таа е формирана во 2004 година како резултат на соединување на припадници од Извидувачкиот баталјон и Падобранскиот одред. Во 2011 година единицата е одликувана од претседателот на државата со Орден за воени заслуги.Службен весник на Република Македонија, бр. 110, 17 август 2011. Надвор од Македонија единицата има учествувано во мировни мисии во Ирак во периодот од 2004 до 2009 година и во Авганистан во 2010 година.Репортажа со македонските ренџери во Авганистан, Јутјуб, Телма, 11 јули 2018.
Поврзано Баталјон за специјални намени
Наводи
Надворешни врски Ренџерски баталјон , официјално мрежно место на АРМ
Категорија:Појавено во 2004 година во Македонија Категорија:Специјална единица