Димитар Караташо (1798, Иматија — Белград, 1861), според некој истражувања бил роден како Димитар Џами Караташо или Димитар Константинов Караташо.Osteuropa Neuerwerbungen. (1991). (n.p.). с.61 познат исто под псевдонимот Јеро-Цамис или Јеро-Караташо — македонски поглавар со влашко потекло, кој учествувал во Востанието на Караташо Помладиот и други бунтови.
Раниот живот Караташо е роден во селото Дихалеври во регионот Ематија (сега Егејска Македонија) во 1798 година, син на Анастасио Караташо. Учествувал во Грчката војна за независност. заедно со неговиот татко, прво во областа Науса и, по уништувањето на Науса, во Румелија. Во 1828 година, тој бил водечка фигура во последната фаза од војната за ослободување на Румелија од целото османлиското воено присуство.
Подоцнежниот живот Во периодот 1844–1853 година тој се впуштал во српските и македонските заедници во Трст и во Скопје за да најде поддршка за заедничка кауза. Неговите задачи биле полуслужбени и тој работел како современ политички агент кој се обидувал да создаде сојузи прекѕ тајна дипломатија.мини|267x267пкс| Статуата на Караташо во Солун од вајарот Георгиос Димитријадес.
Учество во востанието на Караташо Помладиот
При избувнувањето на Кримската војна, Караташо одлучил да го почне неговото востание и на крајот на март 1854 година, на чело на 500 Македонци и 10 бродови, тргнал од Евбеја и на 6 април ја закотвил Касандра во Заливот Каламици. Планот бил да се движеп на север кон Солун заедно со македонските бунтовници. Најавен како врховен командант на Македонија, Караташо ги ослободи Шиќа, Партиноне, Никит помеѓу 10-22 април. Насекаде бил пречекан од населението. По Велигден се упатува кон Румилја.
Караташо бил еден од главните поттикнувачи на бунтот, за време на кој стана познат под епитетот Јеро ( што значeлo „постар“), како Јеро-Цамис или Јеро-Караташо. Меѓутоа, бунтот не успеал во својот дел.
После востанието Во 1831 после бунтот се преселил во Албанија и се обидувал да почне востание во Белград за ослободувањето на Македонците во Албанија но не бил успешен.
После тоа во 1854 се вратил назад во Егејска Македонија и водел второ востание, сместено во Халкидики каде што се обидувал да го ослободи регионот, добил мала поддршка од грчкиот крал Отон, во време на востанието тој се потпишувал како „Главен шеф на Македонија“ во писмата, но заради силната армија на Османлиското Царство било неуспешно востанието.Македонска Енциклопедија
Во 1859 година тој ги објавил своите гледишта јавно во различни грчки весници за македонскиот народ посакувал да доби поддршка и совет за својата цел. Затоа, во 1861 година патувал во Белград за да ги ширел неговите мисли. За време на престојот умрел од неутврдени причини, веројатно од болест, додека планирал уште едно востание.
Наводи
Користена литература
Категорија:Починати во 1861 година Категорија:Родени во 1798 година Категорија:Луѓе од Дихалеври Категорија:Починати во Белград Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски Власи