Тервел () — град во Северозапдна Бугарија, административен центар на општината Тервел во Добричката Област. Има население од околу 6.283 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Градот се наоѓа во историскиот регион Јужна Добруџа на 44 километри северозападно од регионалниот центар Добрич и на 49 километри јужно од Силистра.

Историја Старото отоманско име на градот било Куртбунар („бунар на волците“). Првпат селото било споменато во османлиските даночни регистри од 1673 година, иако областа била постојано населена уште од антиката од племената на Гетите на Тракијците, потоа Словените и Прбугарите и сочинувале дел од Бугарската држава во поголемиот дел од средниот век. Во 1878 година, Куртбунар станал дел од новоослободеното Кнежевство Бугарија. Селото било дел од Романија заедно со цела Јужна Добруџа помеѓу 1913 и 1940 година. Во 1940 година цела Јужна Добруџа била вратена во рамките на Бугарија. Современото бугарско име му оддава чест на бугарскиот хан Тервел, успешен бугарски монарх од 8 век. Поранешното село е прогласено за град во јануари 1960 година.

Наводи

Надворешни врски Официјална веб-страница на општината Тервел

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Добрич