450px|мини|Вавилонски броеви Вавилонски броеви — систем на клинесто писмо кој се користеле за пишување броеви.

Вавилонците, познати по своите астрономски набљудувања и пресметки, кои биле потпомогнати од абакусот, кои самите го измислиле, користеле шеесетичен броен систем со основа 60, кој го наследиле од Сумерите или Акадијците.S. Chrisomalis (2010). Numerical Notation: A Comparative History. str. 247.

Потекло Системот првпат се појавил околу 2000 година пр.н.е.S. Chrisomalis (2010). Numerical Notation: A Comparative History. str. 247. Неговата структура ги одразува десетичните лексички броеви на семитските јазици наместо сумерските лексички броеви. Chrisomalis (2010), str. 248. Врската со сумерскиот систем е потврдена со посебен сумерски знак за бројот 60 (покрај два семитски знаци за истиот број).

Знаци Вавилонскиот броен систем е веројатно првиот познат позиционен броен систем, во кој вредноста на една цифра не зависи само од неа, туку и од нејзината положба во рамките на бројот. Ваквиот систем претставувал исклучително важен напредок, бидејќи непозиционалниот систем барал посебен знак за секој степен (една десетка, една стотка, една илјадарка итн.), што го отежнувало пресметувањето.

Наместо 59 различни знаци за броевите од 1 до 59, со овој систем потребни само два знака за да се запишат:врска=Slika:Babylonian_1.svg|20x20пкс за единиците иврска=Slika:Babylonian_10.svg|20x20пкс за десетките. Пишувањето било сосема слично на пишувањето со римски бројки. Знакот за бројот 23 бил испишан со комбинацијаврска=Slika:Babylonian_20.svg|20x20пксврска=Slika:Babylonian_3.svg|20x20пкс. Празен простор значел место без вредност, слично на модерната нула. Вавилонците подоцна создале посебен знак за празното место. Бидејќи системот не знае за децимална точка, вредноста на бројот морало да се изведе од контекстот: вавилонска нотацијаврска=Slika:Babylonian_20.svg|20x20пксврска=Slika:Babylonian_3.svg|20x20пксможе да значи 23, 23 x 60, 23 x 60 x 60, или 23/60, итн.

Системот несомнено користел десетичен броен систем, што го поедноставувал записо, но тоа не бил мешан систем со основа 10 и 6. Бил шеесетичен систем бидејќи се засновал на позициските вредности на броевите и вавилонската аритметика.

Наследството на шееесетичниот систем е зачувано до ден-денес во мерењето на аглите и времето: кругот има 360°, 60° изнесуваат внатрешните агли на рамностран триаголник, часот има 60 минути, а минутата 60 секунди.Why is a minute divided into 60 seconds, an hour into 60 minutes, yet there are only 24 hours in a day?. Scientific American. 5. marec 2007.

Бројот 60 е теоретски супериорен високо композитен број (претходниот и следниот број се 12 и 120), кој е избран поради неговата првостепена факторизација 2x2x3x5, што го прави делив со броевите 1, 2, 3, 4, 5, 6., 10, 12, 15, 20 и 30. Целите броеви и дропките се напишани на ист начин. Децималната точка не се пишувала, туку морала да се разбере од контекстот.

Нула Вавилонците немале ниту знак ниту концепт за бројот нула. Дури и да ја разбирале идејата за ништожноста, тие не ја гледале како бројка, туку како број што недостасува. Наместо нула, тие првично користеле празно место, кое подоцна било заменето со симболврска=Slika:Babylonian_digit_0.svg|40x40пкс.

Наводи

Извор

Надворешни врски Вавилонски бројки Броеви со клинесто писмо Вавилонска математика Фотографии со висока резолуција, описи и анализа на root(2) таблетот (YBC 7289) од вавилонската колекција Јеил Фотографија, илустрација и опис на таблетот root(2) од вавилонската колекција Јеил Вавилонски бројки од Мајкл Шрајбер, Проект за демонстрации на Волфрам.

Категорија:Бројни системи Категорија:Месопотамија