Тимоти Тарпе Веа (роден на година, во Бруклин, Њујорк) — американски фудбалер, крило или напаѓач на Јувентус и на американската репрезентација.
Биографија Веа е роден на 22 февруари 2000 година, во Бруклин, Њујорк, како син на либерискиот фудбалер Џорџ Веа, добитник на Златната топка во 1995 година, и неговата сопруга од Јамајка Клер. Неговиот татко Џорџ, подоцна, по завршувањето на фудбалската кариера бил избран за 25-ти претседател на Либерија во 2018 година, откако служел три години во Сенатот на Либерија.
Тимоти има еден брат, Џорџ Џуниор, исто така фудбалер, и една сестра по име Тита; и двајцата се постари од него. Неговиот братучед, Кајл Данкан, исто така е професионален фудбалер во Њујорк Ред Булс во МЛС. Својот ран живот, Тимоти го поминал во Бруклин, Њујорк и Пембрук Пајнс, Флорида. Тој течно зборува англиски и француски јазик.
Технички карактeристики Физички силен, опремен со добра техника и брз, тој е крилен напаѓач кој претпочита да игра на десната страна во нападот, иако сè уште нема развиено голема плодност во офанзивната фаза. Со текот на годините во дресот на , тој, исто така, научил да игра во повеќе одбранбени улоги, понекогаш бил користен и како бек на двете страни од теренот.
Клупска кариера Почетоци Веа научил да игра фудбал од неговиот татко и додека бил во Флорида играл за Вест Пајнс Јунајтед, пред да се врати назад во Њујорк и да се приклучи на фудбалскиот клуб Розедејл од Квинс, Њујорк, кој бил во сопственост на неговиот вујко. Тој потоа играл три сезони со Блау-Вајс Готши, екипа од американската развојна лига, а оттаму подоцна стигнал во академијата на Њујорк Ред Булс во 2013 година. Една година подоцна, Веа се преселил во Франција за да се приклучи на академијата на Париз Сен Жермен, клуб за кој играл и неговиот татко во 1990-тите години.
Париз Сен Жермен На 3 јули 2017 година, Веа го потпишал првиот професионален договор со Париз Сен Жермен, приклучувајќи се на првиот тим на клубот за сезоната 2017-2018. Сепак, и покрај тоа, тој го поминал поголемиот дел од сезоната играјќи за резервите во националното првенство 2 и со тимот до 19 години во Младинската лига на УЕФА.
Тој за првпат бил повикан во првиот тим за натпреварот од Лига 1 против Троа на 3 март 2018 година, за време на кој стартните напаѓачи на клубот одморале за претстојен натпревар од Лигата на шампионите; Веа дебитирал влегувајќи како замена во 79-тата минута од натпреварот и имал можност да постигне гол во судиското надополнување, но неговиот удар го одбранил голманот на Троа. Веа го направи својот прв старт во почетниот тим на светците во ремито 0-0 против Каен во последното коло од сезоната. Веа го постигнал својот прв погодок за ПСЖ за време на победата со 4–0 против Монако во Суперкупот на Франција на 4 август 2018 година. Една недела подоцна, тој го постигнал својот прв првенствен гол во победата со 3-0 над Каен.
Позајмица во Селтик На 7 јануари 2019 година, Веа бил позајмен до крајот на сезоната на Селтик во Шкотска, каде по првите импресии рекол дека е „заљубен“ во клубот. Своето деби го направил на 19 јануари, влегувајќи како замена за Скот Синклер во 69-тата минута од натпреварот од четвртото коло на Купот на Шкотска на домашен терен против Ердрионианс и постигнал гол при победата од 3–0. Вториот гол за Селтик, и негов прв во лигата, тој го постигнал во победата со 4–0 над Сент Мирен на 23 јануари. Во февруари, тој бил додаден во составот на Селтик за натпреварите од Лига Европа. Со Селтик, тој го освоил шкотското првенство и помогнал клубот да стигне до финалето на Купот на Шкотска, во кое што сепак тој не можел да игра бидејќи неговата позајмица била прекината предвреме во средината на месец мај, откако бил избран во репрезентацијата на САД да учествува на Светското првенство за играчи под 20 години.
Лил
На 29 јуни 2019 година, тој се согласи на трансфер од Париз Сен Жермен во , потпишувајќи петгодишен договор со мастифите; износот на операцијата останал тајна, но според она што го објавил L'Équipe тој бил околу 10 милиони евра. Своето деби за Лил го имал на 11 август, започнувајќи во победата со 2-1 против . Тој играл до 68-мата минута кога бил заменет од Јусуф Јазиџи. Веа забележал само три настапи за Лил во текот на сезоната 2019-2020, пропуштајќи го поголемиот дел од сезоната поради повреда. Тој претрпел две повреди на тетивата што го оддалечиле од терените во најголемиот дел од сезоната: првата повреда се случила за време на натпреварот против Амјен кон средината на август 2019, поради која отсуствувал од терените шест месеци, а втората се случила за време на неговиот прв натпревар по опоравувањето против Олимпик Марсеј на 16 февруари 2020.
Веа се вратил во акција по повредата во текот на следната сезона, играјќи во вториот натпревар на Лил за сезоната, во кој се појавил од клупата за резерви на местото на Бурак Јилмаз во 79-тата минута. Својот прв гол за Лил, Веа го постигнал во Лига Европа во поразот со 3-2 од неговиот поранешен клуб Селтик. Само неколку дена подоцна, на 16 декември, влегувајќи како замена против Дижон во победата со 2–0, тој го постигнал својот прв гол во Лига 1 во дресот на Лил. На крајот, тој одиграл 28 натпревари и постигнал три гола за мастифите во првенството, помагајќи им да ја освојат нивната четврта титула во клупската историја, прва после една деценија чекање. На 1 август 2021, Лил го освоил Суперкупот на Франција со победа од 1–0 над Париз Сен Жермен во Израел, при што Веа ги одиграл само последните 14 минути од истата појавувајќи се во игра од клупата на местото на Џонатан Дејвид.
Тој останал важен играч за Лил и во следните две сезони, но за време на сезоната 2022-2023, неговата последна во Лил, добил поразлична и подефанзивна улога од тренерот Пауло Фонсека, кој најчесто го користел во последната линија како десен бек, што довело до тоа сезоната да ја заврши без ниту еден постигнат погодок. Вкупно за Лил, Веа одиграл 107 натпревари и постигнал 8 голови.
Јувентус На 1 јули 2023 година, Веа се преселил во , за обесштетување од околу 12 милиони евра. Своето деби за Јувентус, а во исто време и во Серија А, го имал на 20 август, во победата со 0-3 на гостувањето кај . Неговиот прв гол за клубот дошол на 4 јануари 2024 година, кога со прекрасен удар од далечина - пришто прво ја погодил пречката па од таму топката се одбила во мрежата - го поставил конечниот резултат во победата со 6-1 над , во осминафиналето на Купот на Италија. Подоцна, Јувентус го освоил споменатото натпреварување, со победа од 1-0 над во финалето, со што Веа го освоил својот прв трофеј со „бјанконерите“.
На почетокот на неговата втора сезона во Торино, на 19 август 2024 година, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, во победата од 3-0 на домашен терен над . На 19 февруари 2025 година, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите, со кој привремено го израмнил резултатот во реваншот од плејофот рундата на гостувањето кај , но потоа неговиот клуб бил поразен по продолженија со 3-1.
Своето искуство со Јувентус го завршил после две години во кои одиграл вкупно 78 натпревари и постигнал 7 голови.
Олимпик Марсеј На 6 август 2025, тој се вратил во Франција, прилучувајќи му се на на позајмица со обврска за откуп.
Репрезентативна кариера Покрај за САД, Веа имал право да ги претставува Франција, Јамајка и Либерија, преку жителство и неговиот државјанства на родители.
Своето деби за репрезентацијата на САД го имал на 27 март 2018 година, во победата со 1-0 против во пријателски натпревар, со што станал првиот играч роден во 2000-тите кој играл за „Јенките“. На 29 мај, тој го постигнал својот прв гол за сениорската репрезентација во победата од 3-0 над , станувајќи третиот најмлад стрелец во американскиот дрес.
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 18 јуни 2023.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2017-2018 Л1 3 0 КФ+ЛКФ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 3 0 2018-јан. 2019 Л1 2 1 КФ+ЛКФ 0 0 ЛШ 0 0 СФ 1 1 3 2Вкупно Париз Сен Жермен 5 1 0 0 0 0 1 1 6 2 јан.-јун. 2019 ШПЛ 13 3 КШ+ЛКШ 3+0 1 ЛЕ 1 0 - - - 17 4 2019-2020 Л1 3 0 КФ+ЛКФ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 3 0 2020-2021 Л1 28 3 КФ 3 0 ЛЕ 6 2 - - - 37 5 2021-2022 Л1 29 3 КФ 0 0 ЛШ 5 0 СФ 1 0 35 3 2022-2023 Л1 29 0 КФ 3 0 - - - - - - 32 0Вкупно Лил 89 6 6 0 11 2 1 0 107 8 2023-2024 А 30 0 КИ 5 1 - - - - - - 35 1 2024-2025 А 30 5 КИ 2 0 ЛШ 9 1 СИ+Скп 1+1 0 43 6Вкупно Јувентус 60 5 7 1 9 1 2 0 78 7Вкупно во кариерата 167 15 16 2 21 3 4 1 208 21
Титули Клупски Париз Сен Жермен Лига 1 : 2 2017–2018, 2018–2019 Суперкуп на Франција : 1 2018
Селтик Премиер лига на Шкотска : 1 2018-2019 Куп на Шкотска : 1 2018-2019
Лил Лига 1 : 1 2020–2021 Суперкуп на Франција : 1 2021
Јувентус Куп на Италија : 1 2023-2024
Наводи
Надворешни врски
Тимоти Веа на soccerway Тимоти Веа на transfermarkt Тимоти Веа на ESPN Тимоти Веа на tuttocalciatori Тимоти Веа на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на ФК Селтик Категорија:Фудбалери на ФК Лил Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Американски фудбалери Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026