Прекуморска Франција () — 13 територии вон европскиот континент под управа на Франција, претежно остатоци од Француското Колонијално Царство кои останале дел од француската држава по деколонизацијата. Некои од нив се дел од Европската Унија. „Прекуморска Франција“ е збирно име кое се користи во секојдневниот живот, но нема административен статус. Петте прекуморски региони имаат ист административен статус како метрополските региони; петте прекуморски заедници се полуавтономни; Нова Каледонија е автономна територија. Во прекуморска Франција влегуваат островски територии во Атлантскиот, Тикиот и Индискиот Океан, Француска Гвајана на јужноамериканскиот континент, неколку околуантарктички острови, како и територија на Антарктикот. Изземајќи го округот Аделина Земја, каде Франција е суверена де јуре според францускиот закон, но исклучивото право на Франција е замрзнато со Антарктичкиот договор (1959), прекуморска Франција зафаќа површина од и сочинува 18,0 % од територијата на Француската Република.Land area of the four old overseas departments (), Mayotte, the overseas collectivities, and New Caledonia (page 21), the French Southern and Antarctic Lands and the Scattered Islands ( ), and Clipperton ( ). Исклучивиот стопански појас (ИСП) на прекуморска Франција зафаќа или 96,7 % од ИСП на цела Франција.
Вон Европа постојат четири класи на француски територијални единици: прекуморски департмани/региони, прекуморски заедници, особената територија Нова Каледонија и ненаселени територии. Од правно и управно гледите, овие класи имаат различен правен статус и степен на автономија, иако сите трајно населени територии имаат свои претставници во Националното собрание и Сенатот на Франција кои заедно го сочинуваат Парламентот на Франција.
Во јануари 2023 г. во прекуморска Франција имала 2.816.000 жители.The population of all five overseas departments totaled 2,208,000 in January 2023. The population of the overseas collectivities amounted to 608,000 inhabitants (Saint-Pierre and Miquelon , Saint-Barthélemy , Saint-Martin , French Polynesia , Wallis et Futuna , New Caledonia ). The total population of the overseas departments and territories of France is estimated at 2,816,000. Највеќето од нив се државјани на Франција и Европската Унија со право на глас во француските и европските избори.
Уставни статуси Прекуморски региони и департмани
Прекуморски региони имаат ист статус како регионите во самата Франција. Францускиот устав налага дека во нив важат истите закони како во метрополска Франција, но со можност за прилагодување на регионалните потреби. Затоа, месните администрации на прекуморските региони немаат право да носат закони.
Гваделуп (од 1946) Мајот (од 2011) 1976–2003: особена прекуморска територија; 2001–2003: со статус на департманска заедница; 2003–2011: прекуморска заедница. Во 2009 г. е распишан референдум на кој населението се изјаснило дека сака да стане прекуморски департман. Тоа стапило на сила на 31 март 2011 г. Мартиник (од 1946) Реинион (од 1946) Француска Гвајана (од 1946)
Прекуморски заедници
Категоријата „прекуморска заедница“ (collectivité d'outre-mer или COM) е создадена со уставната реформа во 28 март 2003 г. Секоја прекуморска заедница има свои статутарни закони.
За разлика од прекуморските департмани/региони, прекуморските заедници имаат право да носат свои закони, освен за работите во надлежност на централната влада (одбрана, меѓународни односи, трговија и монетарна политика, правосудно и управно право). Со заедниците управуават месно избрани собранија, како и францускиот парламент и француската влада, каде се застапени од Министерот за прекуморјето.
Француска Полинезија (1946–2003: прекуморска територија, од 2003: прекуморска заедница) Во 2004 добила статус на „прекуморска земја“ (pays d'outre-mer), но Уставниот совет на Франција појаснил дека ова не подразбира нова политичка категорија. Свети Вартоломеј: Во 2003 г. населението изгласало да стане прекуморска заедница на Франција. Свети Вартоломеј не е дел од Европската Унија со промената на статусот во 2012 г. Свети Мартин: Во 2003 г. населението изгласало одвојување од Гваделуп за да стане одделна прекуморска заедница на Франција. На 7 февруари 2007 г. францускиот парламент на обете им доделил статус на прекуморска заедница. Тој стапил на сила на 22 февруари 2007 г. со објавувањето во служен весник. Свети Мартин и понатаму е дел од Европската Унија, како што е изложено во Лисабонскиот договор. Свети Петар и Микелон (1976–85: прекуморски департман, 1985–2003: особена прекуморска територија, од 2003: прекуморска заедница). Иако има политички статус на прекуморска заедница, тој се нарекува „територијална заедница“. Валис и Футуна (1961–2003: прекуморска територија, од 2003: прекуморска заедница). Сè уште често се нарекува „територија“.
Особена заедница Нова Каледонија имала статус на прекуморска територија од 1946 до 1998 г. но со Нумејската спогодба од 1998 г. се стекнала со особен статус (), на сила од 1999 г. Напоредно на француското и европското, воведено и новокаледонско државјанство; во тек е процесот на постепено предавање на надлежностите од француската држава со временска рамка од 15-20 години. (2010), Paris, стр. 1559.
Процесот сепак мора да се одобри на референдум. На досегашниоте референдуми населението се изјаснувало против независност на земјата.
Прекуморска територија Француски Јужни и Антарктички Земји или ФЈАЗ (, TAAF); прекуморска територија на франција (од 1956). Ова денес е единствената прекуморска територија. Со законот од 21 февруари 2007 г. Расеаните Острови се прогласени за петтиот округ на ФЈАЗ.
Посебен статус Клипертон ( или ; ) е ненаселен корален атол во Тихиот Океан со површина од . Се наоѓа на 1.280 м југозападно од Акапулко, Мексико. Тој е во државна сопственост под непосредна управа на владата, и со него управува францускиот Министер за прекуморјето.
мини|исправено|Знаме на Министерот за прекуморјето на Франција
Учество во законодавството Со население од 2.816.000 жители (2023), прекуморска Франција сочинува 4,1 % од населението на Француската Република. Нејзините единици имаат свои претставници во двата дома на Францускиот парламент. Во 2022-2027 г. прекуморска Франција била претставена од 27 претаници во Националното собрание на Франција, или 4,7 % од вкупно 577 пратеници во државното собрание:
Преглед Населени департмани и заедници Единаесетте населени прекуморски територии на Франција се:
Знаме Име Седиште Население Површина(км2) Густина(жит/км2) Статус Место Белешки border|65x65п Француска Гвајана Кајена 301.099 (2023) 83.534 3,6 Прекуморски департман / регион Гвајани, Јужна Америка Француска Полинезија Папеете 278.786 (2022) 79 прекуморска заедница Полинезија, јужен Тихи Океан border|65п Гваделуп Бас Тер 375.845 (2023) 231 Прекуморски департман / регион Кариби, северен Атлантски Океан border|65п Мартиник Фор де Франс 347.686 (2023) 308 border|65п Мајот Мамуѕу 310.022 (2023) 829 Мозамбички Проток, Индиски Океан На 29 март 2009 г. жителите гласале да бидат прогласени за премуморски департман / регион. Ова стапило на сила на 31 март 2011 г.На него полагаат право и Коморите. border|65п Нова Каледонија Нумеја 269.808 (2022) 18.575 14,5 Особена заедница Меланезија, јужен Тихи Океан Населението се изјаснило против независност на досегашните референдуми. border|65п Реинион Сен Дени 873.102 (2023) 349 Прекуморски департман / регион Маскаренски Острови, Индиски Океан border|65п Свети Вартоломеј Густавија (2017) 398 Прекуморска заедница Кариби, северен Атлантски Океан Одвоен од Гваделуп на 22 февруари 2007 г. border|65п Свети Мартин Мариго (2020) 611 border|65п Свети Петар и Микелон Сен Пјер (2020) 25 залив Свети Лаврентиј, северен Атлантски Океан border|65x65п Валис и Футуна Мата Уту (2018) 81 Полинезија, јужен Тихи Океан
Ненаселени прекуморски територии Неколку од овие територии имаат привремено население сочинето од истражувачи во научни станици.
Знаме Име Округ Расеани острови Седиште Површина (км2) Статус Место Белешки border|65п Клипертон – – – 2 Прекуморски државен посед северен Тихи Океан Француски Јужни и Антарктички Земји Аделина Земја – станица „Димон Дирвил“ 432.000 округ на ФЈАЗ Антарктик Согласно одредбите на Антарктичкиот договор. Крозе – Алфред-Фор 340 Индиски Океан Кергелен – Порт о Франсе 7.215 Население: 45 истражувачи зиме, 110 лете. Свети Павле иАмстердам – Мартен де Вивје 66 Расеани Острови Гејзер – 0 Мозамбички Проток Полагаат право Коморите и Мадагаскар. Басас да Индија – 1 Полага право Мадагаскар. Европа – 30 Глорјез – 7 Индиски Океан Полагаат право Коморите и Мадагаскар. Хуан де Нова – 5 Мозамбички Проток Полага право Мадагаскар. Тромлен – 1 Индиски Океан Полага право Мадагаскар.
Карта center|frameless|upright=3
Најголеми градови во прекуморска Франција Ова се најголемите населени места наведени по бројот на население:
Сен Дени (Реинион): 315.080 (2020) Поент а Питр–Лез Абим (Гваделуп): 312.630 (2020) Сен Пјер–Ле Тампон (Реинион): 222.614 (2020) Нумеја (Нова Каледонија): 182.341 (2019) Сен Пол (Реинион): 171.109 (2020) Кајена (Француска Гвајана): 151.887 (2020) Папеете (Француска Полинезија): 138.861 ( 2022) Фор де Франс (Мартиник): 130.115 (2023)
Поврзано Метрополска Франција Француско Колонијално Царство Административна поделба на Франција
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Административна поделба на Франција Франција