мини|исправено|Црквата „Безгрешно Зачетие“ Лез Абим (; креолски: или ) — најнаселената општина во францускиот прекуморски регион и департман Гваделуп, сместен во групата Мали Антили. Се наоѓа на западната страна на островот Гранд Тер, и ја сочинува најголемата метрополска област во регионот заедно со Поент а Питр.Aire d'attraction des villes 2020 des Abymes (9A1), INSEE

Географија Општината се наоѓа на 3 км североисточно од Поент а Питр, 7 км источно од Бе Мао и 10 км југозападно од Морн а Ло. До неа се доаѓа преку државниот пат N1 од Бе Мао на запад, кој минува по јужната граница на општината и продолжува на југ како N4. N5 се двои од N1 и оди на североисток низ центарот на општината, па продолжува на североисток до Морн а Ло. N11 се двои од N5 југоисточно од градот и продолжува кон северозапад, по што повторно му се приклучува на N1. Патот D106 оди на север од општината до Вје Бур. Правецот „Пале Ројал“ минува североисточно низ општината и му се приклучув ана N5. Правецот „Шазо“ се двои од „Пале Ројал“ и води на североисток до Ду.Google Maps

До Меѓународниот аеродром Поент а Питр се стасува по патот N11.

Лез Абим е интегриран во урбаното подрачје на Поент а Питр.

Населени места и месности

Базен (Bazin) Бембриџ (Baimbridge) Бесон (Besson) Бо Солеј (Beau-Soleil) Боавен (Boisvin) Боавињер (Boisvinière) Боарипо (Boisripeau) Бозон (Bauzon) Борико (Boricaud) Булики (Bouliqui) Гаоза (Gaoza) Гран Кам (Grand-Camp) Давид (David) Деравињер (Deravinières) Дигазон (Dugazon) Ду (Doubs) Кадик (Caduc) Карак (Caraque) Катре Шемен (Quatre Chemins) Кома (Coma) Ле Резет (Le Raizet) Леони (Léonie) Масла (Masselas) Морн Флери (Morne-Fleuri) Нере (Nérée) Папен (Papin) Пети Перу (Petit-Pérou) Поант Дор (Pointe-d'Or) Селињи (Céligny) Шазо (Chazeau) Шовел (Chauvel)

Клима Лез Абим има тропска монсунска клима (класа Am). Просечната годишна температура изнеусва . Просечните годишни врнежи се 1.557,8 мм, при што најврнежлив месец е октомври. Највисоки се температурите во август (), а најниски во февруари ().

Историја Островите се населени уште од претколумбовско време. Останки од стари населби се најдени кај Дотемар, а најзначајни се оние во Бел Плен, каде е откриена голема населба датирана од 1000 до 1200 г. (т.н. „трумасоидна култура“).

Првото село, на неколку километри од денешниот град, е основано во 1691 г. Најпрвин се состоело од неколку куќи, но потоа се развило со одгледувањето на шеќерна трска, какао и кафе. Првата енориска црква е изградена во 1726 г.

Управа Лез Абим ѝ припаѓа на општинската заедница Кап Екселанс, во која влегуваат и Поент а Питр и Бе Мао. Општината се дели на три кантона: Лез Абим-1; Лез Абим-2; Лез Абим-3, кој опфаќа и дел од Ле Гозје.

мини|Градскиот дом

Стопанство Стопанската активност е потесно поврзана со меѓународниот аеродром Поент а Питр (порано „Резе“). Тука е седиштето на авиопревозникот „Ер Караиб“.2013 World Travel Awards , Air Caraïbes. .

Иако не е туристичко место, Лез Абим е втор град по економско значење во Гваделуп, по индустриската зона во Жари. Во градот е трговскиот центар „Милени“. Комплексот „Фемили Плаза“ има кина, трговски центар и рекреативен центар.First stone for the Family Plaza Complex on France-Antilles на 10 јануари 2014 г.

Поврзано Општини во Гваделуп

Наводи

Надворешни врски

Официјален портал на Лез Абим Генерален совет на Гваделуп Меѓународен аеродром Поент а Питр Лез Абим на „Геопортал“, Национален географски институт (IGN)

Категорија:Општини во Гваделуп