Музеј на корали - приватна колекција ЛИВЕРИНО е музеј на корали сместен во провинцијата Неапол, во Италија.
Повеќе од пет генерации, семејството Ливерино произведува и преработува корали. Силната врска што отсекогаш ги поврзувала со Црвеното злато го надминала чисто деловниот интерес да и се даде живот на уникатна колекција, која започнала во 1934 година со 16-годишниот Базилио Ливерино. Колекцијата од повеќе од 1.000 предмети од скулптури и накит изработени од корали и скапоцени камења, сместени се денес во семејниот музеј, потекнуваат од страста на Базилио за коралите и неговите откритија направени за време на неговите патувања во Азија.
Колекцијата е составена од уметнички креации од целиот свет, кои датираат од шеснаесеттиот век, ремек-дела на занаетчии.
Особено е забележан по своите корални дела, од уметници како Карло Парлати и Ромоло Граси.www.turismoregionecampania.it
Наводи
Надворешни врски
Официјален сајт
Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Италија Категорија:Музеи во Италија по град