ФК Челси () — професионален англиски фудбалски клуб основан во западен Лондон во 1905 година, со седиште во Фулам. Тренер на екипата е Ензо Мареска. Сопственик е Тод Боели од Соединетите Американски Држави. Челси има пет титули во англискиот фудбал (една во Прва дивизија и четири во Премиер лигата). Домашните натпревари ги игра на стадионот „Стемфорд Бриџ“, со капацитет од 42.500 луѓе, кој се наоѓа во Фулам (Западен Лондон).

Историјат Познат и како „сините“, или во подамнешно време како „пензионерите“, фудбалскиот клуб „Челси“ во најголем дел од својата историја играл во елитната англиска Премиер лига. Првиот голем успех било учеството во финалето на Англискиот куп, каде што загубил од „Шефилд“. Сепак, во 1955 година, „Челси“ успеал да го освои тогашниот Англиски куп. Својот најголем подем клубот го доживеал со трите победи во Премиер-лигата (2004-2005, 2005-2006 и 2009-2010), како и со двете финалиња во Лигата на Шампионите, каде во првото финале загубува од својот соперник „Манчестер Јунајтед“ (2008), додека во второто финале извојувал победа над „Баерн Минхен“ со резултат 4-3 (пенали).

Првото поголемо обновување на својата екипа го забележува со доаѓањето на селекторот Тед Дрејк (1952), а набрзо го освојува и купот на УЕФА. Својот прв пад клубот го доживува со доаѓањето на селекторот Томи Дочерти (1960-1970). Но седмата декада од дваесеттиот век не е ништо во споредба со следните две за судбината на Челси. Во 70-ите и 80-ите Стемфорд Бриџ бил честопати напаѓан од страна на противничките навивачи, за на крај да биде даден на аукција со почетна цена од една фунта, што значи и губење на нивниот дом. По ваквиот сплет на настаните во 1983 година клубот паѓа дури до Втората Англиска Дивизија. За голема среќа селекторот Џон Нил го обновува клубот за мала сума на пари по што Челси се враќа во Англиската Премиера за 2-ве години.

Својот “кам-бек” Челси го пронаоѓа со двата Италијански селектори: Џанлука Вијали, и Клаудио Раниери (1994-2003). Во 2003 клубот е продаден на Рускиот милијардер Роман Абрамович за сума од дури 140 милиони фунти. Тогаш беа потрошени дури 100 милиони фунти на нови играчи, но Раниери не беше веќе способен за нови освојувања, па затоа беше заменат со Португалскиот селектор Жозе Мурињо. Набрзо Мурињо освојува две Лигашки и една Куп победа на островот, по што е заменет со селекторот Аврам Грант (2007). Ни овoј селектор не останува подолго на клупата, па набрзо е сменет со Луис Фелипе Сколари (2008).

Луис не направил многу за клубот, и од таа причина на кормилото на Челси дојде ветеранот Гус Хидинг (2009). Два дена по завршувањето на договорот со Гус Хидинг, Челси потпиша договор со Карло Анчелоти, поранешен менаџер на Милан. Анчелоти ги одведе Челси до нивната прва двојна титула, во лигата, и на ФА купот. Анчелоти беше избркан од Челси во мај 2011, и беше заменет од Андре Вилаш-Боаш, кој дојде од португалскиот Порто. По слабите резултати, во март 2012, Андре Вилаш-Боаш бил разрешен, и за привремен менаџер бил именуван италијанецот Роберто Ди Матео. Со него, Челси го освоил својот 7-ми ФА Куп, и својата прва титула во УЕФА Лигата на Шампионите, победувајќи го Баерн Минхен со 4-3 на пенали и станувајќи прв Лондонски клуб со титула во Лигата на Шампионите.

Во сезоната 2016-2017 за тренер бил ангажиран Антонио Конте, под чие водство екипата прикажала добри игри, остварувајќи 13 победи во низа, т.е. само една помалку од рекордот на „Арсенал“ од 2002 година. Победничката серија била прекината во јануари 2017 година, со поразот на гостувањето кај „Тотенхем“, со резултат 0:2.„Челзи изгуби по 13 победи во низа“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 42.

right|thumb|150px|Стемфорд Бриџ

Стамфорд Бриџ Челзи имале само еден терен Стамфорд Бриџ каде играле од кога бил создаден клубот (1905г.). Официјално бил отворен на 28 април 1877, но тој 28 години бил користен од London Athletics Club како арена за атлетика, состаноци, а воопшто не за фудбал. Во 1904 година земјата била купена од страна стопанственик Гус Mears и неговиот брат Јосиф, кој исто така купија и околните земјиште (порано голем пазар ). Димензиите на теренот се 103 x 67 метри. Капацитетот му е 41,663 места.

Успеси Домашни ФА Премиер лига Победници (4): 1954–55, 2004–05, 2005–06, 2009–10, 2014-2015. Втора дивизија Победници (2): 1983-84, 1988-89. ФА Куп Освојувачи (7): 1969–70, 1996–97, 1999–00, 2006–07, 2008–09, 2009–10, 2011–12 Лига куп Освојувачи (4): 1965, 1998, 2005, 2007. FA Charity Shield/Community Shield Освојувачи (4) : 1956, 2000, 2005, 2009 Full Members Cup Освојувачи (2): 1986, 1990.

Европски

Лига на Шампиони Освојувач (1): 2011-12. 2020-21 Финалист (1): 2007-08

Лига Европа Освојувач (1): 2012-13

УЕФА Куп на победниците на куповите Освојувач (2): 1970-71, 1997–98

УЕФА Супер Куп Освојувач (1): 1998. 2021

Играчи Моментален состав

Играч на годината Година Освојувач1967 Peter Bonetti1968 Charlie Cooke1969 David Webb1970 John Hollins1971 John Hollins1972 David Webb1973 Peter Osgood1974 Gary Locke1975 Charlie Cooke1976 Ray Wilkins1977 Ray Wilkins1978 Micky Droy1979 Tommy Langley  Година Освојувач1980 Clive Walker1981 Petar Borota1982 Mike Fillery1983 Joey Jones1984 Pat Nevin1985 David Speedie1986 Eddie Niedzwiecki1987 Pat Nevin1988 Tony Dorigo1989 Graham Roberts1990 Ken Monkou1991 Andy Townsend  Година Освојувач1992 Paul Elliott1993 Frank Sinclair1994 Steve Clarke1995 Erland Johnsen1996 Ruud Gullit1997 Mark Hughes1998 Dennis Wise1999 Gianfranco Zola2000 Dennis Wise2001 John Terry2002 Carlo Cudicini2003 Gianfranco Zola  Година Оцвојувач2004 Frank Lampard2005 Frank Lampard2006 John Terry2007 Michael Essien2008 Joe Cole2009 Frank Lampard2010 Didier Drogba2011 Petr Čech2012 Juan Mata2013 Juan Mata2014 Eden Hazard2015 Eden Hazard2016 Willian

Спонзори ПериодПроизводителСпонсор1975–1981Umbroникој1981–1983Le Coq Sportif1983–1984Gulf Air1984–1986никој1986–1987Chelsea Collection1987–1993UmbroCommodore1993–1994Amiga1994–1997Coors1997–2001Autoglass2001–2005Fly Emirates2005–2006Samsung Mobile2006–2008Adidas2008–2015Samsung2015–2020Yokohama Tyres2020–2023ќе се дознае

Наводи

Надворешни врски

Официјална Facebook страна Официјална Twitter страна Chelsea F.C. FA Premier League

Челси Категорија:Фудбалски клубови од Лондон