Цо Танг (тибетски: མཚོ་ཐང, во превод Езеро од Рамницата) ― алкално езеро сместено во спорната територија Аксај Чин, во Префектурата Хотан, Синѓанг, НР Кина.
Историја Во доцните 1800-ти, со цел да се олесни трговијата помеѓу индискиот потконтинент и Таримската Рамница, Британците се обиеле да промовираат караванска рута преку долината Чанг Ченмо како алтернатива на тешкиот и тарифен Каракорамски Премин. Цо Танг бил на оваа рута. Хирургот на британската војска, Хенри Кејли, кој бил дел од мисијата во Јарканд, што го одел овој пат, забележал дека езерото е „соленикаво, но доста питко“.
Наводи
Категорија:Географија на Синѓанг Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Аксај Чин Категорија:Територијални спорови на Индија Категорија:Територијални спорови на НР Кина Категорија:Хотан (префектура) Категорија:Езера во Ладак