„Реквием за госпоѓата Ј.“ (српскохрватски: Реквијем за госпођу Ј.) – филм на режисерот Бојан Вулетиќ од 2017 година. Главните улоги ги играат: Мирјана Карановиќ, Јована Гавриловиќ, Вучиќ Перовиќ и Мира Бањац.Реквијем за госпођу Ј (пристапено на 2.4.2023)

Синопсис На денот на смртта на своето домашно милениче, зајакот, Госпоѓата Ј (скромна, средовечна жена, поранешна административна службеничка) одлучува да го закопа, да ги измие садовите, да го пронајде стариот семеен пиштол и по пет дена, точно на денот кога умрел нејзиниот маж, да изврши самоубиство. Исто така, таа одлучува да појде кај каменорезецот за да ја плати својата слика за надгробниот споменик, на сосетката да ѝ го врати позајмениот стол, за првпат да го посети хипермаркетот во кој работи нејзината постара ќерка Ана, да ѝ покаже на помалата ќерка Ковиљка како да се брани, да ја подигне надоместот од нејзината фабрика која се наоѓа во стечај и да ја поправи грешката во своето име на изводот од матичната книга на родените. За да ги започне сите тие работи, на госпоѓата Ј ѝ е потребна само една потврда за работниот стаж. Меѓутоа, да се добие таква потврда во земјата која се наоѓа во транзиција и во која се спроведува обемна реформа на државната администрација е тешко...

Наводи

Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на Бојан Вулетиќ Категорија:Филмови со Мирјана Карановиќ Категорија:Филмови со Јована Гавриловиќ Категорија:Филмови со Вучиќ Перовиќ Категорија:Филмови со Мира Бањац Категорија:Филмови со Срѓан Тодоровиќ