десно|мини|300x300пкс| Европа меѓу балканските провинции на Римската Империја во 6 век. Европа ― римска провинција во рамките на Диецезата Тракија.

Историја Основана од римскиот император Диоклецијан (284–305), провинцијата во голема мера одговара на она што е денешна европска Турција. Главниот град на покраината првично бил Аркадиопол, а потоа и Перинт (подоцна познат како Хераклеја; денешен Мармара Ерелиси).

Граничела само со провинциите Родопи и Хемимонт на запад и северозапад, Европа била полуостров и беше опкружена со вода од три страни: Црното Море на североисток, Босфорот на исток и Мраморното Море и Егејското Море на југ и југоисток.

Најголемиот град покрај Црното Море бил Салмидес. По должината на брегот на Мраморното Море се наоѓале градовите Перинт (главниот град; подоцна познат како Хераклеја), Селимбрија, Рајдест и Калипол. На брегот на Егејското Море и на устието на реката Марица (Хебрус) во Меласкиот (Сароскиот) Залив се наоѓал градот Енус.

Наводи

Извори

Категорија:Покраини на Византија Категорија:Држави и територии прекинати во 7 век Категорија:Престаноци во 640-тите Категорија:Држави и територии настанати во 310тите Категорија:Појавено во 314 година во Римската Империја Категорија:Преториска префектура на Истокот Категорија:Доцноантички римски провинции