Полумаратон — атлетска дисциплина во трчање на половина од должината на маратонската трка, 21,0975 км. Најчесто се трча по патишта. Интересот за полумаратони и учеството на нив полека расте во последните години. Една од главните причини за тоа е предизвикот на далечината, која не бара толку посветеност и издржливост како маратонот.
Вообичаено е полумаратони да се одржуваат во исто време со маратоните, користејќи речиси иста патека од почеток до крај.
Полумаратонот не е на програмата на меѓународните натпревари како што се Олимписките игри и Светските првенства . IAAF (Меѓународно здружение на атлетски сојузи) го организира Светското првенство во полумаратон секоја година од 1992 година, со исклучок на 2006 и 2007 година. Во тие години полумаратонот бил заменет со трка на 20 километри, но во 2008 година, повторно е вратен полумаратонот.
Полумаратонот денес е спортската дисциплина со најголем раст на бројот на учесници. Една од најважните причини за тоа е предизвикот што го претставува полумаратонот, а во исто време не бара претерано вложување на време.
Светски рекорди Иако натпреварите во оваа дисциплина се одржувале и претходно, првиот светски рекорд во полумаратон бил признат од ИААФ (Меѓународното здружение на атлетски сојузи) во 1977 година. Актуелниот машки рекорд е 57:31 минути и бил поставен од Џејкоб Киплимо од Уганда во 2021 година. Кај жените, рекордот го држи Летенсенбет Гидеј од Етиопија со време 1:02:52, а постигнат е во 2021 година.
Познати полумаратони Светско првенство во полумаратон Белградски полумаратон Полумаратон во Бристол Полумаратон во Чикаго Лисабонски маратон Њујоршки полумаратон Ротердамски полумаратон Стокхолмски полумаратон Варшавски полумаратон
Наводи
Надворешни врски
IAAF list of half-marathon records in XML
Категорија:Атлетски дисциплини Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ