алт=Отмар Худомаљ на алпинистички тренинг на Матка|мини|Отмар Худомаљ на алпинистички тренинг на Матка алт=Отмар Худомаљ|мини|Отмар Худомаљ алт=Отмар Худомаљ (на сликата означен со црвен круг) на Попова Шапка, Шар Планина, во 1956 година.|мини|Отмар Худомаљ (на сликата означен со црвен круг) на Попова Шапка, Шар Планина, во 1956 година. алт=Отмар Худомаљ (на сликата е означен со црвен круг), во село Лисец, на Шар Планина, Тетовско, во 1956 година.|мини|Отмар Худомаљ (на сликата е означен со црвен круг), во село Лисец, на Шар Планина, Тетовско, во 1956 година. Отмар Худомаљ (9. Мај 1939, - 4. Јули 1957) бил средношколец, планинар и алпинист, од словенечко потекло, познат како еден од пионерите на алпинизмот во Македонија.
Родителите на Отмар, Јоже и Марија Худомаљ, во 1935 година поради професионални причини се доселиле од Словенија во Скопје. Таткото Јоже бил шумарски инженер кој поради природата на работата минувал многу време на терен во селата и планините околу Скопје. Во Македонија им се родиле трите деца: ќерката Јожица (во 1937 година), синот Отмар (во 1939 година) и најмалиот син Марјан (во 1945 година). После војната Јоже продолжил да работи во својата шумарска струка и има дадено голем придонес во пошумувањето и одржувањето на природните богатства на Македонија. Меѓу многубројните негови активности, за одбележување е акцијата за пошумување на Водно, која се спровела под негово раководство.
Скоро секое лето децата го поминувале училишниот распуст на планините околу Скопје каде што Јоже одел на терен. Во тие околности и во духот на словенечката традиција на своите родители, децата израснале чувствувајќи голема љубов и почит кон природните убавини на македонските планини. Сите три деца посетувале училиште и гимназија во Скопје. Јожица и Отмар активно се занимавале со планинарство и организирале и учествувале во многу активности на Планинарското Друштво на Македонија кое тогаш било во својата почетна фаза. Во сеќавањата на Марјан е настанот кога заедно со Отмар носеле цигли во кошница за градење на планинарскиот дом на Водно.
Отмар бил одличен ученик и повеќестран спортист кој покрај планинарството, играл и кошарка за Кошаркарскиот клуб „Работнички“. Некаде во 1955 година, Отмар почнал да се занимава со алпинизам и со една мала група на македонски алпинисти неколку пати учествувал во алпинистички активности во Камнишките Алпи во Словенија.
Марјан се сеќава како се одвивал животот во алпинистичкото друштво кое по негово сеќавање го водел Ѓуро Блаха. Во приземните простории на друштвото било сместено и стрелачкото друштво во Скопје. Марјан, син на ловец и шумар, бил член на тоа друштво и заедно со братот Отмар доаѓал на тренинзите по стрелање со воздушна пушка.
Скоро секоја недела Отмар и пријателите (често со нивните семејства) оделе на нивните најомилени планини: Китка, Караџица, Љуботен и други. Браќата Отмар и Марјан често оделе заедно на Водно и на карпата која се наоѓа на северната страна вежбале качување. Често заедно трчале и на ориентациските натпревари одржувани на Водно. Инаку, желба на Отмар била да студира спортска медицина. На 4. Јули 1957 година заедно со Отмар, на свои 18 години, заедно со Драган Трајковски (1937-2006), на свои 20 години, прават обид за искачување на карпата на Матка во нејзиниот најголем, средишен дел. Нивниот обид завршил со трагедија. Некаде во последните потешки детали (под последниот превис) Отмар при пад загубил својот живот. Загинал во трагични околности, но правејќи го тоа што најмногу го сакал – качувањето. Трагичниот настан го потресол цело Скопје. Три години по трагичното загинување на Отмар, на 9. Октомври 1960 година, Драган Трајковски (тогаш на свои 23 години) овојпат со Тодорка Димитрова (тогаш на свои 19 години) се искачуваат до врвот на карпата. Оваа новоискачена алпинистичка насока ја именуваат „Отмар Худомаљ“ во чест на нивниот загинат пријател („Отмарова насока“), а карпата денес е позната како Отмарова Карпа.
По загинувањето на Отмар, на брегот на вештачкото езеро Матка, наспроти Отмаровата карпа, поставен е споменик во облик на голем клин и карабинер и спомен-плоча, на 25. Мај 1959 година. алт=Споменикот за Отмар Худомаљ во облик на алпинистички клин и карабинер на Матка.|мини|Споменикот за Отмар Худомаљ во облик на алпинистички клин и карабинер на Матка. Под него е спомен-плочата. алт=Спомен-плоча за Отмар Худомаљ|мини|Спомен-плоча за Отмар Худомаљ, поставена под споменикот во облик на алпинистички клин и карабинер.Две години по несреќата, таткото Јоже после долга болест и од голема тага починал. Јожица Худомаљ дипломирала физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1960 година. Во одреден период работела и како професорка во Скопје во гимназијата „Јосип Броз - Тито“ каде, покрај својата професорска работа, редовно организирала планинарски тури заедно со учениците не само на Водно туку на други планини во околината на Скопје: Китка, Караџица, Шар Планина и други. Во Јануари 1963 година заминала на специјализација на природно-математичкиот факултет во Загреб, каде и ја затекнал земјотресот од 1963 година. Марјан Худомаљ завршил гимназија во Скопје во 1964 година. Поради сите тие случувања семејството Худомаљ се преселило во Словенија, во Брежице, родното место на нивната мајка Марија. Јожица и Марјан ги завршиле студиите на ПМФ во Загреб. Марјан завршил физичка хемија, а Јожица докторирала јадрена физика. Марјан живеел во Љубљана со сопругата Олга. После завршувањето на работната кариера во фирмата „Искра“, Марјан станува активен член на Инвалидското друштво на Словенија, каде бил и претседател на Друштвото на ревматичари на Словенија. Марјан Худомаљ починал во 2010 година. Јожица живее во Хјустон, Тексас (САД) со својот сопруг Норман со кого се запознала кога дошла во Хјустон во 1972 година на специјализација на Универзитетот Рајс. Норман е исто така физичар. Мајката на Јожица, Отмар и Марјан, Марија е почината во 2013 година.
По последниов период е поставена уште една спомен плоча веднаш покрај постоеката, на која погрешно е испишано презимето на Отмар Худомаљ, годината во која починал, а според реакција на социјалните мрежи од страна на луѓе кои го познавале е утврдено дека ликот на фотографијата воопшто не е Отмар Худомаљ. Не е познато кој ја има поставено оваа спомен плоча со погрешни податоци и фотографија.