Иван Лимончев (, – , ) – револуционерен и културно-просветен деец, окружен раководител на ТМОРО во Охрид.

Животопис Лимончев е роден во Охрид во 1864 година. Бил еден од зачетниците за основање на ученичкото Културно-просветно друштво „Свети Климент” во Охрид (1885). Заедно со други членови на друштвото, станал член на заговорничкиот кружок, основан во Охрид на 20 јули 1886 година, за заштита на населението и за прогон на разбојниците Таир-Толо, Билан Баланца, Каранаџак и нивните јатаци, за одбегнување на османлиските судови и решавање на споровите со арбитража, за отворање училишта во секое село и сл. Бил еден од првите членови на ТМОРО (од 1894) и член на Охридскиот окружен комитет на ТМОРО.

Наводи

Категорија:Дејци на ТМОРО Категорија:Втора генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија