Голем Узењ () или Улкен Узен ( или ) — река in Саратовската област во Русија и Западноказахстанската Област во Казахстан. Долга е 650 км, а нејзиниот слив зафаќа површина од .Узењ Голем и Мал — Голема советска енциклопедија

Крај реката лежи градот Новоузенск. Нејзините води се користат за водоснабдување на жителите и наводнување.

Течение Голем Узењ извира од западниот крај на возвишениот венец Обшчиј Сирт во Русија, и тече во јужен правец низ степите на Прикасписката Низина. Течението му е напоредно на она на Мал Узењ, чие корито е 50 км поназапад. Меѓу овие две реки се наоѓа езерото Баликти Саркил. Реката завршува кај селото Сарикол во едно од Камиш-самарските Езера, група езерца и блата во западен Казахстан.

Реката е најполноводна во април поради надојдената топеница од снег. Некои делови од Голем Узењ лете знаат сосема да пресушат. Кај Новоузенск протокот се движи од 7,3 до . Реката замрзнува во декември и останува под мраз сè до крајот на март или почетокот на април.

Наводи

Надворешни врски

Голем Узењ — Голема руска енциклопедија

Категорија:Реки во Саратовската област Категорија:Реки во Казахстан