Џон Кристофер, попознат како Џони Деп (англиски: Johnny Depp II; роден на 9 јуни 1963) — американски глумец и музичар познат по неговите портрети на ексцентрични ликови како Џек Спароу во филмската серија Пиратите од Карибите, Раул Дјук во Страв и омраза во Лас Вегас и Сем во Бени и Џун.

Деп се истакна во главната улога на телевизиската серија 21 Jump Street и брзо се сметаше за тинејџерски идол. Неудобно со таа карајтеристика, тој се сосредоточувал на филмските улоги што мислел дека се вистински. Најпрво филмски се истакна со насловниот лик на Edward Scissorhands, а подоцна пронајде успех на box office во улоги како Ихабод Крејн во Заспаната долина, Џек Спероу во филмската серија Пиратите од Карибите и неговата улога како ексцентричниот Вили Вонка во Чарли и фабриката за чоколади.

Тој работеше со режисерот и негов близок пријател Тим Бартон во седум филмови, од кои најнови се Алиса во земјата на чудата и Свини Тод:Демонот Барбер од улицата Флит (2007). Деп собирал признанија за неговите портрети на фигури од вистинскиот живот како Едвард Д.Вуд Џуниор во Ед Вуд, Џозеф Д.Пајстоун во Дони Браско и Џорџ Џанг во Удар (2001). Неодамна, тој го прикажа легендарниот ограбувач на банка Џон Дилингер во филмот на Мајкл Ман од 2009, Гангстери.

Само во САД заработката после премиерата на филмовите каде глуми тој, изнесува над 2,3 милијарди долари, додека на светско ниво сумата е 4,8 милијарди долари. Номиниран трипати за Оскар за најдобар глумец, четири номинации има и од Screen Actors Guild Awards и дури осум номинации за наградите за Златен глобус, Деп освои Златен глобус за најдобар глумец за неговата улога во Свини Тод:Демонот Барбер од улицата Флит и од Screen Actors Guild за Пиратите од Карибите:Проклетството на црниот бисер.

Животопис Џон Кристофер е роден во Овенсборо, Keнтаки, како најмало од четирите деца на семејството. Тој е син на Бети Сју Палмер (моминско име - Велс) која работела како келнерка, додека пак татко му Кристофер Деп, работел како градежен инженер.The Genealogist , "Richard T. Oren Depp (1879–1912); m. Effie America Palmore. 9th gen. Oren Larimore Depp; m. Violet Grinstead. 10th gen. John Christopher Depp; m. Betty Sue Wells. 11th gen John Christopher Depp II (Johnny Depp), b. 9 June 1963, Owensboro. See Warder Harrison, "Screen Star, Johnny Depp, Has Many Relatives in Ky.", Kentucky Explorer (Jackson, Ky), July–August 1997, 38–39. 247 Barren Co." Деп има еден брат, Даниел (писател) и две сестри, Кристи (неговиот личен менаџер) и Деби. Според биографијата, потеклото на Деп е француско-ирско: имено Pierre Deppe (Dieppe) емигрирал во Вирџинија најверојатно во 1700 година. Детството на Деп не било вообичаено, бидејќи неговото семејство постојнао се селело (20 пати), а најпосле се населиле во Мирамар, Флорида.Stated on Inside the Actors Studio, 2002 Според неговите зборови, семејството било сиромашно, а тој редовно добивал ќотек, кога ќе погрешел. Кога имал 15 години, неговите родители се развеле, а тој лошо ја поднесол разделбата на родителите.Во 2012 година, Деп се развел од пејачката Ванеса Паради, со која живеел 14 години. Од тој брак, Деп има две деца - ќерката Лоли-Роуз и синот Џон. Според сопственото признание, најголеми идоли на Деп се: Марлон Брандо, Боб Дилан, Хантер С. Томпсон и Кит Ричардс. Речиси секогаш, Деп носи очила во боја, бидејќи на десното око е кратковид, додека на левото око е речиси слеп.Наташа Спирова-Серафимова, „Живеам како бегалец“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 6-7.

1980 Мајката на Деп му купила гитара кога тој имал 12 години и тој почнал да свири во различни гаражни групи. Неговиот прв бенд беше во чест на неговата девојка Мередит. Една година по разводот на неговите родители глумецот го напушта средното училиште и се концентрира на тоа да стане рокер. Како што еднаш објаснил на Inside the Actors Studio, планирал да се врати на училиште по две недели, но директорот му рекол да го следи својот сон да стане музичар. Свирел со The kids, група која ужива скромен локален успех. The kids заедно заминале за Лос Анџелес во потрага по договор за плоча, кои го сменија името во Six Gun Method. Деп подоцна соработувал и со групата Rock City Angels како што се Rock City Angels и притоа беше текстописец на нивната песна „Mary", која оди во „етер” на албумот на Rock City Angels под закрила на Geffen Records .

На 24 декември 1983 година Деп стапува во брак со Лори Ани Алисон која воедно е и сестра на пејачот на групата. Деп исто така работел и како т.н презентер на производи (лично но и преку телефон). Пресвртот најверојатно е кога сопругата го запознава Деп со Николас Кејџ кој и го увидел неговиот глумечки талент па му предложил да се обиде и во филмската индустрија. Во 1985 Деп и Алисон се разведоа. Откако бракот заврши, Деп се вери со Шерилин Фен (која ја запознал на прикажувањето на краткиот филм Dummies во 1985).

1990-те и 2000-тите Во 1994 Деп беше уапсен и испрашуван од полицијата поради наводно предизвикување сериозна штета во апартманот во хотел во Њујорк. Од 1998 следеше врска со британската манекенка Кејт Мос, потоа со Ванеса Парадис, француска глумица и пејачка која ја запознава за време на снимањето на филмот The Ninth Gate. Во 1999 тој беше повторно уапсен за караница со фотографи пред еден ресторан во Лондон додека вечерал со Парадис.

Двојката има две деца. Ќерката Лили-Роуз Мелоди Деп е родена на 27 мај 1999, а синот Џон "Џек" Кристофер Деп III е роден на 9 април 2002. Во 2007 ќерката закрепнуваше од сериозна болест, инфекција од ешерихиа коли која предизвика затворање на бубрезите и резултираше со подолго останување во болница. Во знак на благодарност Деп ја посети болницата во ноември 2007 облечен како капетанот Џек Спероу и притоа помина 4 часа читајќи им приказни на децата. Подоцна донираше 1 милион фунти (околу 2 милиони долари) во болницата во раната 2008. Иако Деп не се прежени, тој изјави дека децата му дале „вистинска фондација, вистинско силно место да се опстане во животот, во работата, во се’”. „Не можете да планирате длабока љубов која резултира во деца. Татковството не беше свесна одлука. Тоа беше дел од едно прекрасно патување на коешто бев. Беше судбина. Целата математика најпосле проработе.” Семејството си го поминува времето во нивниот дом во Мејдон, сместен во предградијата на Париз, Лос Анџелес, остров кој го купил на Бахамите и нивната вила во Ле План-де-ла-Тур, мало гратче оддалечено час и половина од Сент Тропе, во јужниот дел на Франција. Џони исто така побара и имот со лозје во областа Ле План-де-ла-Тур во 2007.

Џони Деп има 13 тетоважи, многу од нив означуваат важни личности или настани во неговиот живот. Тие вклучуваат профил на Северноамерикански индијанец и напишано „Вино засекогаш” (оригинално „Винона Рајдер”, изменето по неговото раскинување со Винона Рајдер) на неговиот десен бицепс, „Лили-Роуз” (името на неговата ќерка) токму кај срцето, додека на левиот бицепс е името Бети Сју (името на мајката), а исто така и синот не е изоставен па и тој си „доби” тетоважа на десната рака на татко му (врабец како лета преку вода со зборот „Џек” (името на синот; врабецот повеќе лета кон него отколку што бега од него како што е прикажано во Пиратите од Карибите).

Во 2003 коментарите на Деп за САД се појавуваат во германското списание Ѕвезда, објаснувајќи дека „Америка е глупава, таа е нешто како глупаво куче со големи заби – што може да те касне и да те повреди, агресивно.” Иако тој подоцна изјави дека списанието погрешно ги цитирало неговите зборови и дека цитатот бил изваден од контекст, Ѕвезда стоеше зад својата приказна, како што направи и CNN.com во својата покриеност на интервјуто. CNN ја додаде неговата забелешка дека тој би сакал неговите деца „да ја гледаат Америка како играчка, скршена играчка. Малку истражувај, проверувај, добиј го ова чувство и потоа излези.” Изданието на Newsweek во јули 2006 го преиздаде цитатот на „глупаво куче”, буквално, во контекстот на Писмо до списанието. Деп исто така не се согласи со следните медиумски извештаи дека тој вели дека го претставуваат како „Европски имитатор” велејќи дека тој само ја сака анонимноста на живеење во Франција и неговиот поедноставен живот таму.

На 4 февруари 2015 година, на возраст од 51 година, Џони Деп се венчал со Амбер Херд (28 години), која ја запознал на снимањето на филмот „Дневник на румот“. Венчавката се одржала на приватна церемонија во неговиот дом во Лос Ангелес, а неколку дена, тие организирале свадбена прослава на приватниот остров на Деп на Бахамите, при што тој ѝ подарил на невестата скап дијамантски прстен.„Луѓе“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 24.„Кариерата поважна од бракот со Џони Деп“, Утрински весник, година XVI, број 4720, четврток, 26 февруари 2015, стр. 24.

Кариера

Телевизија Деп играше главна улога во телевизиската серија 21 Jump Street, што се емитуваше на телевизијата Фокс во 1987. Тој ја прифатил улогата бидејќи не добивал многу работа во делото и сакал да работи со глумецот Фредерик Форест, којшто го инспирирал. Подоцна во сезоната како полуглавен партнер се придружува и Сал Јенко, долгогодишен пријател на Деп, како вратар наречен Блоуфиш. Успехот на серијата го претвори Деп во популарен тинејџерски идол за време на доцните 80. Него го иритираше тој статус на тинејџерски идол. Тој си вети дека откако ќе заврши неговиот договор за серијалот, ќе глуми само во филмови каде би сметал дека се добри за него.

Филмски улоги Првата главна улога Деп ја добива во хорор филм „Кошмар на Улицата на брестовите“ во 1984 каде е во улога на дечко на хероината и еден од жртвите на Фреди Кругер. Во 1986, тој исто така се појавува во споредна улога како војник кој разбира виетнамски во Вод на смртта на Оливер Стоун.

Потоа Деп зад себе го остави имиџот на тинејџерски идол во 1990, со оригиналната насловна улога во филмот на Тим Бартон, Едвард со рацете-ножици. Успехот на филмот започна долго поврзување со Бартон.

Во 1995 година Деп глумел во три филма. Со Марлон Брандо глумел во хитот на благајните Дон Хуан Демарко, во улога ба човек кој верува дека е Дон Жуан, најголемиот љубовник на светот. Глумел во „Мртовец“ на Џим Џармуш, вестерн снимен целосно во црно-бела техника кој добил мешани критики; а глумел и во Временски теснец, кој поминал многу лошо кај критиката и на благајните. Деп глумел улога на сметководител кој требало да убие политичар за да ја спаси својата киднапирана ќерка.

Во 1997 година, Деп и Ал Пачино глумеле во криминалната драма Дони Браско, во режија на Мајк Њуел. Деп бил таен агент на ФБИ кој се претставува како Дони Браско за да се инфилтрира во мафијата во Њујорк. Дони Браско поминал добро кај критиката и на благајните и се смета за еден од најдобрите глуми на Деп. Исто така во 1997 година, Деп дебитирал како режисер и сценарист со филмот The Brave. Во него има улога на сиромашен домороден Американец кој прифаќа предлог од богат човек, кој го игра Марлон Брандо, да се појави во филм за да заработи пари за неговото семејство. Премиерно бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 1997 година со претежно негативни критики. Поради критиките, Деп не го објавил The Brave во САД.

Деп, страстен обожавател и исто така долгогодишен пријател на авторот Хантер С. Томпсон, глумеше една верзија на Томпсон (наречен Раул Дјук) во филмот од 1998 Страв и омраза во Лас Вегас, заснована на псевдобиографската новела на авторот со истото име. Деп исто така го придружуваше Томпсон како негов организатор на една од последните турнеи на авторот на книги. Во 2006, Деп приложи личен договор кон Гонзо од Хантер С.Томпсон, посмртна визуелна биографија за наследството на авторот објавена на ammobooks.com. Како близок пријател на Томпсон, Деп плати за најголем дел од меморијалниот настан на Томпсон, исполнет со огномет и пукање на пепелта на Томпсон со топ во Аспен, Колорадо, каде што живееше Томпсон.