__NOTOC__ Онгерман () — една од најдолгите реки во Шведска со должина од 460 км. Таа е трета по полноводност во земјата, по Јета и Луле.
Име Името на реката доаѓа од старонордискиот поим anger, што значи „длабок фјорд“ и се јавува како топонимска составница во Норвешка и Норланд во Шведска.
Течение Реката извира од Скандинавските Планини на југот на шведската покраина Лапонија. Потоа тече низ Јемтланд, и станува пополноводна во покраината Онгерманланд, чие име е земено од реката. Главни притоки се Војмон, Фјелше и Факс. По течението од Онгерман се двои растоката Венгел.
Онгерман е пловен околу 80 км од морето. Во последните 30 км (по гратчето Сулефтео) тече низ живописната долина Одален. Реката завршува во Ботнискиот Залив на Балтичкото Море близу гратчето Крамфорс.
Наводи
Бибиографија . . .
Надворешни врски
Категорија:Реки во Шведска Реки во Шведска Категорија:Онгерманланд Категорија:Вестернорланд (округ) Категорија:Балтички слив