Свети Бессребреници Кузман и Дамјан и Свети Апостоли Каридски или Каривски или Долценски или Свети Врачи (, Καρίβη) — црква во градот Костур, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Местоположба Црквата е дел од Каридската парохија, сместена во маалото Долца.

Историја Храмот претставува трикорабна камена базилика, подигнат околу 1840 година, врз мал постар храм, чиј иконостас и икони биле пренесени во новата црква. Иконостасот е богато резбан и украсен, завршен пред април 1864 година, кога биле живописани и старите иконостасни икони.

Храмот е прогласен за историски споменик во 1991 г.

Наводи

Надворешни врски

Бессребреници Каридски Бессребреници Каридски Категорија:Споменици на културата во Костур