Ноа Лајлс (роден на 18 јули 1997 г.) — американски атлетичар кој се натпреварува во спринтерските трки на 100 и 200 метри.

Тој е освојувач на бронзен медал од Летните олимписки игри 2020 во Токио на трката на 200 метри како и шесткратен првак од светските првенства, победувајќи на трките на 200 метри на светските првенства во 2019 и 2022, и на трките на 100 метри, 200 метри и на штафетната трка 4 x 100 метри на Светското првенство 2023. На Светското првенство 2022, Лајл освоил сребрен медал на штафетната трка 4 × 100  метри. Негови најдобри истрчани времиња се 9.83 секунди на 100 метри и 19.31 секунди на 200 метри, од кои второто претставува американски рекорд и го прави трет најбрз човек во светот на сите времиња, зад Јусејн Болт и Јохан Блејк.

Лајлс освоил златен медал на трката на 200 метри на Младинските олимписки игри 2014 во Нанџинг. Тој освоил златни медали на 100 метри и на штафетната трка 4 × 100 метри на Светското јуниорско првенство во 2016 година. Тој е петкратен победник во Дијамантската лига.

Наводи

Надворешни врски

Ноа Лајлс на worldathletics.org

Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Американски атлетичари