Процес () — роман на Франц Кафка од 1925 година. Делото претставува алегорија за апсурдната борба на поединецот за зачувување на својот интегритет во машинеријата на инсинуациите и шпекулациите кои се обидуваат да ја разградат личноста.www.rschindler.com

Содржина Дејството во романот „Процес“ се случува во неименуван германски град, на почетокот на XX век.

Апсењето. Разговорот со госпоѓата Грубах. Потоа, госпоѓицата Бирстнер: Едно утро, на денот на триесеттиот роденден на банкарскиот прокурист Јозеф К., во неговиот изнајмен стан влегуваат двајца полициски агенти. Тие му соопштуваат дека против него е уапсен, но не му кажуваат зошто е обвинет. Влегувајќи во соседната соба, тој затекнува тројца неговите колеги од банката кои кон него се однесуваат сосема вообичаено. Исто така, ниту полицискиот надзорник не му ја кажува причината за апсењето и дури му дозволува да оди на работа. Уште почудно, колегите не велат ниту збор за нивната неочекувана посета, кога тој ќе се сретне со нив на работното место во банката. По враќањето од работа, Јозеф К. оди во собата на госпоѓицата Бирстнер и ѝ раскажува за необичниот случај со неговото апсење, а потоа страсно почнува да ја бакнува.www.sparknotes.comFranz Kafka, Proces. Sarajevo: Civitas, 2004, стр. 5-32.Франц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 7-32 Првото сослушување: По една седмица, Јозеф К. добива покана да се јави на првото сослушување, кое е закажано за недела, но не е определен часот, а тоа треба да се одржи во некоја куќа во периферијата. Јозеф К. се упатува во една стара куќа од сиромашното предградие и неочекувано открива дека всушност судот се наоѓа во таванските простории на куќата. Салата за судење е преполна со непознати луѓе кои како да се поделени во два табора. За време на својата одбрана, Јозеф К. аргументирано и со доза на иронија се обидува да докаже дека кај него не постои никаква вина, а на крајот од говорот ги нарекува присутните никаквеци и набрзина ја напушта салата.Franz Kafka, Proces. Sarajevo: Civitas, 2004, стр. 33-48.Франц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 33-47. Во празната сала. Студентот. Канцелариите: Следната недела, бидејќи нема добиено никаква покана, Јозеф К. повторно оди во судската сала, каде ја среќава чистачката која му се додворува и му нуди помош. Тогаш, во собата влегува еден студент, кој ја носи жената на таванот, каде се наоѓаат канцелариите на судот. Сопругот на таа жена, кој работи како служител во судот, го поканува Јозеф К. да ги разгледа канцелариите и таму нему му се слошува, така што не е способен да го напушти судот.Franz Kafka, Proces. Sarajevo: Civitas, 2004, стр. 49-70.Франц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 48-68. Пријателката на госпоѓицата Бирстнер: По случката со госпоѓицата Бирстнер, Јозеф К. се обидува да стапи во контакт со неа, но без успех. Еден ден, тој слуша врева во ходникот и дознава дека станарката Монтаг се сели во собата на госпоѓицата Бирстнер. Госпоѓицата Монтаг му соопштува дека госпоѓицата Бирстнер не сака да разговара со него.Franz Kafka, Proces. Sarajevo: Civitas, 2004, стр. 71-78.Франц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 193-199. Тепачот: Една вечер, Јозеф К. поминува по ходникот во банката и слуша воздишки кои доаѓаат од собата за стари работи. Тој влегува внатре и таму ги затекнува двајцата полицајци кои го уапсија. Покрај нив, во собата се наоѓа трет човек, кој ги камшикува полицајците поради тоа што Јозеф доставил поплака на нивното однесување. Јозеф му нуди пари на тепачот, но тој го одбива поткупот и продолжува да ги тепа полицајците. Утредента, тој повторно влегува во собата и пак ја здогледува истата сцена на камшикување на полицајците.Franz Kafka, Proces. Sarajevo: Civitas, 2004, стр. 79-85.Франц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 69-74. Стрикото. Лени: Еден ден, во канцеларијата на Јозеф К. влегува стрико му Карл, кој слушнал за процесот. Тој го носи кај адвокатот Хулд (кој, исто така, слушнал за процесот), а кај него се наоѓа и управникот на судските канцеларии. Додека тие разговараат за процесот против Јозеф К., тој оди во канцеларијата на адвокатот, каде му се додворува Лени, девојката која го негува Хулд. Со неа, Јозеф останува три часа, а стрико му е лут поради неговата неодговорност.Franz Kafka, Proces. Sarajevo: Civitas, 2004, стр. 86-105.Франц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 75-92. Адвокатот. Фабрикантот. Сликарот: Едно зимско препладне, Јозеф К. седи во својата канцеларија, замислен околу текот на процесот. Веќе некое време тој се состанува со адвокатот Хулд, кој му дава само воопштени изјави и поуки околу процесот, кој се води тајно. Бидејќи времето поминува без адвокатот да преземе конкретни чекори, Јозеф К. одлучува самиот да поднесе претставка со судот, но во тој миг, во канцеларијата влегува еден фабрикант. Тој му кажува на Јозеф дека знае за процесот и го советува да оди кај сликарот Титорели кој работи за судот. Јозеф го посетува Титорели во неговото ателје во сиромашниот дел на градот. Сликарот му дава корисни информации за функционирањето на судот и му ветува дека ќе му помогне. Кога го напушта ателјето, Јозеф сфаќа дека и на тој таван се наоѓаат судските канцеларии.Franz Kafka, Proces. Sarajevo: Civitas, 2004, стр. 106-152.Франц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 93-137. Трговецот Блок. Отказ на адвокатот: Најпосле, Јозеф К. донесува одлука да му даде отказ на адвокатот Хулд и оди во неговиот дом. Таму се среќава со трговецот Блок против кого, исто така, се води судски процес. Блок му дава дополнителни објаснувања за работата на судот и од него дознава дека судскиот процес може да трае повеќе години, без јасно навестување за нивниот конечен исход. Кога Јозеф му соопштува на адвокатот дека се откажува од него, тој го повикува трговецот Блок и го понижува пред очите на Јозеф со намера да му каже дека адвокатот е господар на клиентот.Franz Kafka, Proces. Sarajevo: Civitas, 2004, стр. 153-181.Франц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 138-163. Во катедралата: Јозеф К. добива задача на еден важен деловен партнер, Италијанец, да му ги покаже културно-уметничките знаменитости во градот. Тие се договараат да се чекаат кај катедралата, но Италијанецот не се појавува. Додека Јозеф ја разгледува катедралата, доаѓа еден свештеник кој го повикува на име, а потоа му кажува алегорична приказна за човекот кој сакал да помине низ вратата и да влезе во законот, но не успеал да го направи тоа до крајот на животот. На тој начин, свештеникот се обидува да му ја покаже суштината на бирократското општество во кое поединецот е оневозможен да го промени зацртаниот тек на настаните.Franz Kafka, Proces. Sarajevo: Civitas, 2004, стр. 182-204.Франц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 164-185. Крај: Ден пред 31. роденден на Јозеф К., во неговиот стан влегуваат двајца непознати мажи кои го земаат со себе. Кога излегуваат надвор, во еден миг пред нив поминува госпоѓицата Бирстнер, но набргу таа исчезнува. Кога го поминуваат мостот, тројцата здогледуваат полицаец и почнуваат да бегаат и застануваат дури кај еден каменолом, на крајот од градот. Таму, му го положуваат на еден камен, а потоа го прободуваат со нож во срцето и Јозеф К. умира.Franz Kafka, Proces. Sarajevo: Civitas, 2004, стр. 205-210.Франц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 186-190.

Сепак, романот „Процес“ не е довршен и во ракописот што го оставил Кафка се пронајдени повеќе делови за кои не е познато дали и би биле вклучени во крајната верзија и на кое место. Таквите делови се: Пријателката на госпоѓицата Б.: Пронајдените ракописи на романот покажуваат дека овој текст не бил вклучен во оригиналната верзија што ја оставил Кафка, иако повеќето изданија на романот го вклучуваат и него. Државниот обвинител: Во кафеаната во која редовно јаде, Јозеф К. седи на една маса, заедно со група адвокати, судии и обвинители. Постепено, тој бил прифатен од нив, а потоа се спријателил со обвинителот Хаштерер, кој ужива голем углед во друштвото. По вечерата, тие вообичаено шетаат заедно низ градот, а неколкупати Јозеф го посетува Хаштерер во неговиот дом. Еден ден, директорот на банката дознава дека Јозеф му е пријател на обвинителот и тоа остава голем впечаток врз него.Франц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 200-205. Кај Елза: Една вечер, Јозеф е повикан веднаш да се јави во судот, но тој веќе има закажано средба со Елза. Поради тоа, тој одлучува да не се јави на судскиот повик и се качува во кочија со која заминува кај Елза.Франц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 206-207. Случката со заменикот на директорот: Еден ден, Јозеф го повикува заменикот на директорот на банката заедно да разгледаат некои службени материјали. Додека Јозеф му го изложува своето мислење, заменик-директорот воопшто не го слуша, туку упорно настојува да го поправи работ на канцелариската маса на Јозеф и најпосле, притискајќи со сета сила, тој ја оштетува масата.Франц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 208-211. Куќата: Јозеф се обидува да дознае каде се наоѓа судот од каде пристигнал првиот повик за неговото апсење, а таа информација ја добива од сликарот Титорели. Често, по завршувањето на работата, во својата канцеларија, Јозеф си ја замислуваа таа куќа при што си замислува како шета низ нејзините простории и му се причинува дека таму се собрани сите луѓе кои ги познаваФранц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 212-214. Патувањето кај мајката: Бидејќи веќе три години ја нема посетено, еден ден, Јозеф ненадејно одлучува да ја посети својата стара мајка за која редовно добива известувања од својот братучед. Од директорот на банката бара дозвола за дводневно отсуство и се качува во кочијата. Во тој момент, еден службеник му покажува едно започнато писмо, но Јозеф му го зема писмото и налутено го распарчува.Франц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 215-217. Сон: Во српскиот превод на „Процес“ од 2011 година (издание на „Службени гласник“), меѓу деловите на романот се наведува и расказот „Сон“ кој е објавен во 1916 година. Оттука, Макс Брод не го вклучил овој текст како дел од „Процес“, сметајќи го за самостојно дело. Сепак, главниот лик во расказот е Јозеф К. и тоа може да значи дека Кафка имал намера да го вклучи во романот, и тоа, можеби, некаде на крајот. Наспроти тоа, се знае дека, уште додека го пишувал романот, Кафка постепено, систематски ги бришел сите места кои биле непосредно поврзани со разни соништа. Инаку, во сонот, Јозеф К. оди во прошетка, но ненадејно се наоѓа на гробишта. Таму, здогледува свежо ископан гроб, а еден уметник неуспешно се обидувам да го напише името на надгробниот споменик. Тогаш, Јозеф пропаѓа во земјата и успева да види дека на каменот е напишано неговото име. На тоа место, Јозеф се буди.Франц Кафка, Процес. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 218-220.

Ликот на Јозеф К. мини|десно|Германското издание на романот Јозеф К. е банкарски прокурист (застапник) кој долги години минал во служба на својата фирма. Тој е воедно и главниот, носечки лик на ова дело, додека останатите ликови се целосно инструментализирани. На денот на неговиот 30. роденден му пристигнува известувањето дека против него е покренат судски процес. Низ целиот тек на романот, авторот не дава одговор ниту пак објаснување зошто е уапсен и за какво дело e обвинет Јозеф К. Низ текот на сижето детално се прикажани предрасудите на општеството кон поединците, кои имаат проблеми со високите функционери и кои се осомничени за непостоечка вина. Целата проблематика на делото се состои во барањето одговор на две прашања: Зошто е уапсен Јозеф К? Каков е тој суд којшто му суди?