thumb|upright=1.4|Христос го носи крстот (1526) од Лоренцо Лото Христос го носи крстот — слика масло на платно од Лоренцо Лото, насликана во 1526 година и која се наоѓа во Лувр. Сликата е потпишана и датирана „Laur. Lotus / 1526" на попречната греда на крстот, во долниот десен дел.Roberta D'Adda, Lotto, Skira, Milano 2004

Сликата го покажува влијанието на неговиот престој во Венеција. Историските извори споменуваат две дела на оваа тема од Лото во венецијанските збирки. Еден од нив била во куќата на благородникот роден во Бергамо, Јакопо Пигети - најверојатно таа е онаа што сега се наоѓа во Лувр. Била однесена во Рим пред да биде продадена во Франција, а во збирката Лувр била вклучена во 1982 година.Carlo Pirovano, Lotto, Electa, Milano 2002.

Наводи

Категорија:Слики од Лоренцо Лото Категорија:Уметнички слики од 1526 година Категорија:Слики во Лувр од италијански уметници