Северен Виетнам, официјално наречена Демократска Република Виетнам (), била социјалистичка држава во Југоисточна Азија која постоела од 1945 до 1975 година, а формален суверенитет целосно ѝ бил признат во 1954 година. Како членка на Источниот блок, таа била спротивставена на државата Виетнам која имала француска поддршка, а подоцна и на Република Виетнам (Јужен Виетнам) која била сојузник на Западот. По победата на Северен Виетнам над Јужен Виетнам во 1975 година, двете држави биле обединети и се оформила денешната Социјалистичка Република Виетнам.

По Втората светска војна, за време на Августовската револуција, виетнамскиот комунистички револуционер Хо Ши Мин прогласил независност на 2 септември 1945 година и го прогласил создавањето на Демократска Република Виетнам. Виет Мин (официјално „Лига за независност на Виетнам“), предводена од комунисти, била основана во 1941 година за да ги привлече пошироките народни маси.

Уште од почетокот, Виет Мин се обидел да ја консолидира моќта преку пресметки со другите националистички групи. Во меѓувреме, Франција се обидела да ја потврди својата колонијална доминација над Виетнам по Втората светска војна, што во декември 1946 година ја поттикнало Првата индокинеска војна. За време на оваа герилска војна, Виет Мин ги зазела и ги држела под контрола руралните области во Виетнам, што довело до пораз на Франција во 1954 година. Со Женевската конференција истата година бил ставен крај на војната и била призната независноста на Виетнам. Со Женевскиот договор земјата била привремено поделена на северна и јужна зона долж 17-та северна паралела, и за јули 1956 година биле закажани општи избори кои требало да „донесат обединување на Виетнам“."Agreement on the Cessation of Hostilities in Vietnam, 20 July 1954 , accessed 15 October 2015 Северната зона била под контрола на Демократска Република Виетнам и обично била нарекувана Северен Виетнам, а јужната зона, под контрола на де јуре некомунистичката Држава Виетнам, обично била нарекувана Јужен Виетнам.

За имплементација на Женевскиот договор надзор вршела меѓународна комисија составена од Индија, Канада и Полска, кои ги претставувале неврзаните, капиталистичките и комунистичките блокови, соодветно. Соединетите Држави, кои не го потпишале Женевскиот договор, изјавиле дека „ќе продолжат да се залагаат за обединување преку слободни избори надгледувани од Обединетите нации кои треба да се гарант за спроведување на фер избори“. Во меѓувреме, Државата Виетнам силно се спротивставила на поделбата на земјата."Lời tuyên bố truyền thanh của Thủ tướng Chánh phủ ngày 16-7-1955 về hiệp định Genève và vấn đề thống nhất đất nước". Нејзиниот премиер Нго Џин Дим во јули 1955 година изјавил дека Државата Виетнам нема да учествува на изборите. Тој тврдел дека неговата држава не го потпишала Женевскиот договор и затоа нема никакви обврски кон него, и дека е загрижен дека под режимот на Виет Мин во Северен Виетнам би се одржале неслободни избори. Во октомври 1955 година, владата на Дим одржала сопствен референдум, кој бил спроведен со изборна измама, со цел соборување на шефот на државата Бао Дај и основање на Република Виетнам со Дим како нејзин прв претседател.Karnow, p. 223-224.Tucker, p.366.

Неуспехот за обединување на земјата преку референдум, во 1955 година, ја предизвикало Виетнамската војна. Поддржани од комунистичките сојузници, најмногу од Кина и од Советскиот Сојуз, Народна армија на Виетнам (војската на Северен Виетнам) и герилските војски на Виетконг со седиште во Јужен Виетнам се бореле против војската на Јужен Виетнам.Julia Lovell, Maoism: A Global History (2019) pp 223–265. За да спречат создавање на нови комунистички земји во Југоисточна Азија, САД интервенирале во конфликтот, потпомогнати од војските на Западниот блок, Јужна Кореја, Австралија и Тајланд, кои воено го поддржувале Јужен Виетнам. Конфликтот се проширил и во соседните земји. Северен Виетнам ги поддржал Патет Лао во Лаос и Црвените Кмери во Камбоџа против нивните влади поддржани од САД. До 1973 година, Соединетите Држави и нивните сојузници биле принудени да се повлечат од војната, а Јужен Виетнам кој останал без поддршка бил брзо совладан од супериорните сили од Северен Виетнам.

Виетнамската војна завршила на 30 април 1975 година. Контролата врз Јужен Виетнам ѝ бил доделен на Привремената револуционерна влада на Виетконг, што на 2 јули 1976 година довело до повторно обединување на Виетнам и создавањето на денешната Социјалистичка Република Виетнам. По војната во Виетнам, обединетата виетнамска држава се соочила со економски пад, бегалски кризи и конфликти со Црвените Кмери во 1977 година и Кина во 1979 година. Обединетата социјалистичка република ја задржала политичката култура и економскиот систем по советски терк и членувала во организации од Источниот блок како СЕВ.

Историја

Под водство на Хо Ши Мин (1945–1969)

Прогласување на републиката мини|Владата на Северен Виетнам во 1946 г. мини|Хо Ши Мин прогласува независност на 2 септември 1945 година По околу 300 годишна расцепканост меѓу феудални династии, во 1802 година била основана династијата Нгујан и територијата на Виетнам била ставена под единствена власт. Во 1883 година земјата станала француски протекторат, а по 1940 година за време на Втората светска војна била окупирана од Јапонија. По капитулацијата на Јапонија на 2 септември 1945 година, за време на Августовската револуција Виет Мин влегол во Ханој, и на 2 септември 1945 година била прогласена Демократска Република Виетнам. За целата земја била воспоставена нова влада која ја заменила династијата Нгујан. Хо Ши Мин застанал на чело на Демократска Република Виетнам. Американскиот претседател Френклин Рузвелт бил противник на повторно француско влијание во Индокина, и САД во тоа време го поддржувале Виет Мин.

Демократска Република Виетнам на чело со Хо Ши Мин владеела со цел Виетнам, но јужниот дел на Виетнам бил во длабока политичка криза. По протерувањето на француската, а потоа и на јапонската власт, меѓу политичките фракции во Сајгон се јавило несогласување, проследено со насилство во руралните делови на земјата.Pentagon Papers [ Vietnam Relations, 1945–1967: A Study Prepared by the Department of Defense 1969] Retrieved 28/09/12 На 16 август 1945 г., Хо Ши Мин го свикал Националниот конгрес во Тан Трао. На конгресот биле усвоени 10 основни политики на Виет Мин, било избрано националното знаме на Виетнам, националната химна и биле избирани членовите на Националниот комитет за ослободување на Виетнам, кој подоцна станал Привремена револуционерна влада на чело со Хо Ши Мин. На 12 септември 1945 година, во Сајгон пристигнале првите британски трупи, а на 23 септември (28 дена откако народот во Сајгон ја презел политичката власт), француските трупи ги окупирале полициските станици, поштата и другите јавни згради. Северниот дел од Виетнам бил окупиран од Кинеската националистичка армија. Во јуни 1946 година, кинеските националистички трупи си заминале од Ханој. По заминувањето на Британците во 1946 година, Французите контролирале дел од Кочинчина, Јужен Централен Брег и Централните Висорамнини. Во јануари 1946 година, во Виетнам се одржале избори за да се формира Национално собрание. Виет Мин бил популарен меѓу населението и освоил најмногу мандати во Собранието. И покрај тоа што не учествувале на изборите, на Виет Кач и Виет Ќок им биле доделени 70 претенички места во Националното собрание по што била формирана обединета влада.

Откако во јуни 1946 година, Франција ја прогласила Кочинчина, јужната третина од Виетнам, за одделна држава под името „Автономна Република Кочинчина“, виетнамските националисти бесно реагирале. Во ноември Националното собрание го усвоило првиот Устав на Републиката."Political Overview "

За време на Првата индокинеска војна мини|180x180пкс|Знамето на ДРВ за време на војната во Индокина По хајфоншкиот инцидент Французите повторно го окупирале Ханој, по што избувнала Првата индокинеска војна (1946–54). За време на војната многу урбани области потпаднале под француска контрола. По Кинеската комунистичка револуција (1946–50), кинеските комунистички војски во 1949 година пристигнале на границата со Виетнам. Кинеската помош го трансформирала Виет Мин од герилска милиција во постојана војска. По избувнувањето на Корејската војна во јуни 1950 година антиколонијалната борба во Источна Азија прераснала во бојно поле на Студената војна, и затоа САД им дале финансиска поддршка на Французите.

Привремена воена демаркација на Виетнам По поделбата на Виетнам во 1954 година на крајот од Првата војна во Индокина, повеќе од еден милион Виетнамци мигрирале од Северен во Јужен Виетнам. Ова било дел од кампањата за евакуација на чело со САД наречена Операција премин кон слободата,Lindholm, Richard (1959). при што се проценува дека околу 60% од вкупно еден милион католици кои живееле во северниот дел пребегнале на југ.Tran, Thi Lien (November 2005).Jacobs, Seth (2006). Католичката миграција се смета дека е резултат на очекувањата за прогон на католиците од страна на владата на Северен Виетнам, како и на пропагандата на владата во Сајгон на чело со претседателот Нго Дин Дием.Truong Nhu Tang. 1986. Исто така, и ЦИА водела пропагандна кампања за да ги натера католиците да дојдат на југ. Партијата Виет Мин се обидела да ги приведе или на друг начин да ги спречи потенцијалните бегалци. Тие користеле методи на заплашување со воено присуство, затворање на фериботите и водниот сообраќај и забрана за масовни собири.Frankum, Ronald (2007). Истовремено, од 14.000 до 45.000 цивили и околу 100.000 борци од Виет Мин се движеле во спротивна насока.

За време на Тон Дук Тан (1969–1976)

За време на Виетнамската војна

Обединување По падот на Сајгон на 30 април 1975 година, со Јужен Виетнам заедно управувале Привремената револуционерна влада на Република Јужен Виетнам (Виетконг) и Армијата на Северен Виетнам. Таа се сметала за вазална влада на Северен Виетнам.Senauth, Frank , The Making of Vietnam, 2012, p. 54.Nguyễn, Sài Đình , The National Flag of Viet Nam: Its Origin and Legitimacy, p. 4.Emering, Edward J. , Weapons and Field Gear of the North Vietnamese Army and Viet Cong, 1998. Северен и Јужен Виетнам официјално се обединиле на 2 јули 1976 година по што била создадена Социјалистичка Република Виетнам. Во владата на обединетата земја доминирале претставници од Северен Виетнам и бил прифатен уставот, знамето и химната на Северен Виетнам.

Аграрна реформа Аграрната реформа била составен дел на Виет Мин и комунистички ориентираната Демократска Република Виетнам. Со Законот за аграрна реформа од 4 декември 1953 година се предвидувало (1) конфискација на земјиштето од земјопоседниците кои се непријатели на режимот; (2) користење на земјиштето од земјопоседници кои не се оценети како непријатели; и (3) купување со обврзници. Аграрната реформа била спроведена од 1953 до 1956 година. Некои земјоделски области не биле опфатени со аграрни реформи, туку само била намалена закупнината. Планинските области во кои живееле малцински народи не биле особено погодени. Некои земјишта биле задржани од владата, но повеќето биле доделени без надомест. Приоритет имале борците од Виет Мин и нивните семејства.Moise, Edward E. (1983), Land Reform in China and North Vietnam, Chapel Hill: University of North Carolina Press, pp. 178–181 Со аграрните реформи биле погодени повеќе од 4 милиони од селското население. Програмата за намалување на рентата засегнала речиси 8 милиони луѓе.Szalontai, Balazs (2005), "Political and Economic Crisis in Democratic Republic of Vietnam, 1955–1956", Cold War History, Vol. 5, No. 4, p. 401.

Меѓународни односи

Јужен Виетнам