Кралство Дахомеј (фр. Dahomey) ― западноафриканско кралство кое се наоѓало во денешен Бенин, и кое постоело од почетокот на 17-ти век до 1904 година. Кралството на почетокот се протегало на висорамнината Абомеј, а во 18 век по освојувањето на градот Вајда, се проширило на југ до брегот на Атлантскиот Океан, со што добило непречен пристап до триконтинентална триаголна трговија.
Кон средината на 19 век, откако претходно го поразила соперничкото Царство Ојо, Кралството Дахомеј станало клучна регионална држава. Тоа станало една од најпознатите африкански држави за Европејците. Кралството Дахомеј било важна регионална сила со организирана домашна економија заснована на освојувачки и ропски труд, значајни меѓународни трговски и дипломатски односи со Европејците, централизирана администрација, даночен систем и организирана војска. Кралството е прочуено по значајните уметнички дела, воената единица составена од исклучиво женски војници Дахомски амазонки, и разработените водунски религиозни практики.R. Rummel (1997)"Death by government". Transaction Publishers. p. 63.
Подемот на Дахомеј се совпаѓа со порастот на трговијата со робови преку Атлантикот, а Дахомеј за Европејците бил познат како главен снабдувач на робови. Дахомеј често војувал против соседните држави, а соперништвото најчесто се однесувало на регионална доминација во трговијата со робови преку Атлантикот во замена за европски стоки како: пушки, барут, ткаенини, тутун, лулиња и алкохол. Непродадените заробеници станувале робови во Дахомеј, каде што работеле на кралски плантажи или биле жртвувани за време на религиозниот фестивал познат како Годишни обичаи во Дахомеј.
Во 1840-тите, Дахомеј почнал да се соочува со британски притисок за укинување на трговијата со робови, при што британската кралска морнарица наметнала поморска блокада на кралството и патролирала во близина на брегот за да ја спречува трговијата. Дахомеј подоцна почнал да ги чувствува територијалните претензии на Франција и како резултат на тоа во 1890 година избувнала Првата француско-дахомејска војна. Војната завршила со победа на Франција. Кралството пропаднало во 1894 година кога последниот крал, Беханзин, бил поразен во Втората француско-дахомејска војна, по што земјата како колонија Француски Дахомеј била припоена кон Француска Западна Африка.
Историја Кралството Дахомеј било основано околу 1600 година од народот Фон кои неодамна ја населиле областа. За прв крал на Дахомеј се смета за Хуегбаџа (околу 1645–1685), кој ги изградил кралските палати во Абомеј и почнал да напаѓа и зазема градови вон висорамнината Абомеј.
Кралеви на Дахомеј +Крал Почеток на владеење Крај на владеење До-Аклин (Ганихесу) ≈1600 1620 година Дакодону 1620 година 1645 година Хуегбаџа 1645 година 1680 година Акаба 1680 година 1708 година Агаџа 1708 година 1740 година Тегбесу 1740 година 1774 година Кпенгла 1774 година 1789 година Агонгло 1790 година 1797 година Адандозан 1797 година 1818 година Гуезо (Гезо/Гезо) 1818 година 1858 година Глеле 1858 година 1889 година Беханзин 1889 година 1894 година Аголи-агбо 1894 година 1900 година
мини|250x250пкс| „Жртвување жртви“ – од Историјата на Дахоми, внатрешно африканско кралство, 1793
Владеењето на Агаџа (1708–1740) Кралот Агаџа, внук на Хуегбаџа, станал крал во 1708 година и започнал значително да го проширува Кралството Дахомеј. Кралството успеало да се прошири поради супериорната воена сила со која располагал кралот Агаџа. Дахомеј имал своја професионална постојана армија од околу десет илјади војници. Во 1724 година, Агаџа го освоил градот Алада, од каде што според усните преданија потекнувало кралското семејство, а во 1727 година го освоил и кралството Вајда. По проширувањето на кралството, особено долж брегот на Атлантскиот Океан, тоа станало регионална сила. Поради ова, од 1728 до 1740 година Кралството Дахомеј речиси постојано бил во војна со другата поголема регионална држава, Царството Ојо. Војната завршила со тоа што Дахомеј станал вазална држава на Ојо.
Владеењето на Тегбесу (1740–1774) Тегбесу бил крал на Дахомеј од 1740 до 1774 година. Тегбесу иако не бил најстар син на кралот Агаџа (1708–1740), успеал да го победи брата си во борбата за наследување на престолот. Тегбесу се обидел да го зголеми својот легитимитет врз новоосвоените територии и народи. Затоа, на Тегбесу често му се припишуваат многу административни промени во кралството.
За време на владеењето на Тегбесу значително се зголемила трговијата со робови и таа сочинувала најголем дел од приходите за кралот.
Владеење на Гезо (1818-1859) По доаѓањето на власт кралот Гезо во 1818 година, тој се соочил со два големи проблема: Кралството Дахомеј било политички и финансиски нестабилно. Затоа се обидел да стекне политичка независност преку отстранување на вазалниот статус кон јорупското царство Ојо. Исто така, тој требало да ја ревитализира економијата на Дахомеј. Овие цели се потпирале на трговијата со робови. Кралот Гезо вовел нови воени стратегии, кои му помогнале на кралството да се спротивстави на Ојо, кое исто така му бил главен конкурент во трговијата со робови. Тој исто така донел одредби за трговијата со робови. Со новите одредби Дахомеј требало да се насочи на заробување на нивните непријатели и да ги продава како робови. Кралот Гезо се обидел својот народ да го насочи кон „легитимната“ трговија со палмино масло.
Во1827 г., Дахомеј успеал да го сруши Царството Ојо, и да се ослободи од долгогодишното вазалство. Во 1830, побарувачката во Бразил за робови се зголемила, но речиси истовремено Британија започнала кампања за аболиција на трговијата со робови во Африка. Британската влада, во 1840-тите, силно го притискала кралот Гезо да ја прекине трговијата со робови во Дахомеј. Но, Гезо одговорил дека не може да ја прекине трговијата поради внатрешен притисок. Тој им објаснил дека целиот регион станал зависен од трговијата со робови, и ако веднаш прекине со тоа, тоа ќе го дестабилизира неговото кралство и ќе доведе до анархија. Кралот Вилијам Дапа Пепл од Бони и кралот Косоко од Лагосго имале ист став кон британските барања. Наместо тоа, кралот Гезо предложил проширување на трговијата со палмино масло и постепено укинување на трговијата со робови.Adeyinka, Augustus A. (1974). "King Gezo of Dahomey, 1818-1858: A Reassessment of a West African Monarch in the Nineteenth Century". African Studies Review. 17 (3): 541–548. doi:10.2307/523800. JSTOR 523800. S2CID 144269135.
Владеењето на кралот Гезо беше било проследено со многу битки и значајни промени во империјата, меѓу што било и формирањето на Агоџије. Овие „Дахомејски амазонки“ биле клучни за поразот на Царството Ојо. За време на неговото владеење, исто така, Кралството Дахомеј се зацврстило како едно од најмоќните африкански кралства кое се спротивставило на британските обиди народот да ја прими христијанската религија и тие ја задржале својата традиционална религија, позната како водун. Гезо го укинал религиозното жртвување на робовите и ја укинал смртната казна за одредени помали престапи, како прељуба.
Крај на кралството мини|350x350пкс| Споредба на Африка во 1880 и 1913 година Кралството Дахомеј се борело против Франција во Првата француско-дахомејска војна и Втората француско-дахомејска војна. По војните територијата на кралството била намалена, а во 1894 г. станало француски протекторат.
Во 1904 година, територијата на кралството станала дел од француската колонија, Француски Дахомеј.
Во 1958 година, Францускиот Дахомеј станал самоуправна колонија под името Република Дахомеј, а во 1960 г. добила целосна независност. Во 1975 година, републиката била преименувана во Народна Република Бенин, а во 1991 година во Република Бенин.
Современа историја Денес, кралството постои како конститутивна монархија во рамките на Бенин. Според уставот на Бенин неговите владетели немаат официјална моќ, но сепак поседуваат одредено политичко и економско влијание. Современите кралеви учествуваат на важни верски водунски фестивали и други традиционални церемонии.
Надворешни односи мини|250x250пкс| Приемот на Ах-Хаусо-Но-Бех во Абомеј нацртан од Фредерик Е. Форбс во 1851 година Односите на Дахомеј со другите земји биле сложени и под силно влијание на трансатлантската трговија со робови.
Бразил Во 1750 година, Кралството Дахомеј испратило дипломатска делегација во Бразил, додека Бразил сè уште бил дел од Португалското Царство, за да ги зајакне дипломатските односи по инцидентот што довел до протерување на португалско-бразилските дипломатски власти во 1743 година. Дахомеј имал економски интереси за одржување на овие односи, „да се изградат поблиски врски со португалските колонијални власти и купувачите на робови кои живеат во Бразил, и да овозможи понатамошно купување робови од Дахомеј а не од соперничките кралства“. Дахомеј бил првата држава која ја признала независноста на Бразил во 1822 година
Франција мини|Во 1894 година, последниот крал на Дахомеј, Беханзин, му ја предаде својата личност на Алфред-Амеде Додс. Во 1840-тите, Дахомеј почнал да се соочува со намалување на британскиот притисок за укинување на трговијата со робови, во која британска кралска морнарица наметнала поморска блокада на кралството и патролирала во близина на брегот за да ја спречува трговијата. Дахомеј, исто така, ослабнал откако не успеал да ги нападне и зароби робовите во Абеокута, јорупски град-држава основана од бегалците од Царството Ојо кои се преселиле на југ. Дахомеј подоцна почнал да ги чувствува територијалните претензии на Франција и како резултат на тоа во 1890 година избувнала Првата француско-дахомејска војна. Војната завршила со победа на Франција. Кралството пропаднало во 1894 година кога последниот крал, Беханзин, бил поразен од Франција во Втората француско-дахомејска војна, по што земјата како колонија Француски Дахомеј била припоена кон Француска Западна Африка.
Португалија Португалската тврдина во Уида била уништена од дахомејската војска во 1743 година додека тие го освојувале градот, па кралот Тегбесу сакал да ги обнови односите со Португалија. Дахомеј барем пет пати праќал дипломати во Португалија и Бразил (во 1750, 1795, 1805, 1811 и 1818 година) за да преговараат за условите на трговијата со робови преку Атлантикот. Португалската круна ги платила трошоците за патување и сместување на амбасадорите на Дахомеј, кои патувале до Лисабон и Салвадор. Амбасадите од 1805 и 1811 година донеле писма од кралот Адандозан, кој ги затворил португалските поданици во главниот град на Дахомеј, Абомеј и барал Португалија да тргува исклучиво во Уида. Португалија ветила дека ќе одговори на неговите барања доколку ги ослободи затворениците.
Обединето Кралство Дахомеј бил главна мета на британската кампањата против ропството во текот на 19 век. Британците испратиле дипломатски мисии во Дахомеј за да го убедат кралот Гезо да ги укине жртвувањето луѓе и трговијата со робови. Гезо не се согласи веднаш на британските барања, туку се обидел да одржува пријателски односи со Британците преку поттикнување на нова трговија со палмино масло. Во 1851 година, Кралската морнарица вовела поморска блокада против Дахомеј, принудувајќи го Гезо во 1852 година да потпише договор според кој веднаш се укинува извозот на робови. Сепак, договорот бил прекршен и трговијата со робови продолжила во 1857 и 1858 година.
Соединети Американски Држави За време на Американската револуција, Обединетите колонии ја забраниле меѓународната трговија со робови. По стекнувањето на независност, американскиот претседател Томас Џеферсон во 1807 година го потпишал Законот за забрана на увоз на робови. Така, САД не воспоставиле официјални дипломатски односи со Кралството Дахомеј. Сепак, последниот познат брод со робови што пловел кон САД тајно и нелегално увезол група од 110 робови од Дахомеј. Во весникот The Tarboro Southerner на 14 јули 1860 година била објавена статија за ова.
Јоруба