Свети Никола и Свети Елевтериј Томанов () — црква во градот Костур, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Местоположба лево|мини|Поглед на источниот ѕид Црквата припаѓа на Елеуската парохија.
Историја Црквата е изградена во XVII век. Внатре е зачуван вреден живопис од 1637 година, дело на зографот Никола од Линотопи. Забележително, зачуван е потписот на уметникот: „ΧΕΙΡ ΔΕ ΙΠΑΡΧΗ ΝΙΚΟΛΑΟΥ ΕΚ ΧΩΡΑΣ ΛΙΝΟΤΟΠΙ“.
Во 1924 г. црквата е прогласена споменик на културата.
Архитектура Првичната форма на црквата била еднокорабна базилика со дрвен покрив и припрата на северниот ѕид. Сегашната форма е променета со изградбата на купола, а оригиналната градба е зачувана само на западниот и северниот ѕид.
Наводи
Категорија:Цркви во Костур Категорија:Цркви во Костурската епархија