Ношак () — највисока планина во Авганистан и втора по висина од венецот Хиндукуш со 7.492 м (највисок е Тиричмир). Лежи на границата помеѓу Авганистан и Пакистан. Северната и западната страна на планината се во Авганистан (неговиот северисточен агол), а јужната и источната во Пакистан. Ова е најзападниот врв на светот повисок од 7.000 метри. Најлесниот пристап за искачување е од Вахан во Авганистан.
Историја на искачување Главниот дел на Ношак е првпат освоен од јапонска експедиција во 1960 г. под водство на Јаџиро СакатоJapanese team заедно со колегите Горо Ивацубо и Тошијаки Сакај. Ова искачување го следело вообичаениот авганистански приод — западниот срт од ледникот Казидех.
Источниот, средишниот и западниот дел се првпат искачени во 1963 г. од австриските планинари Гералд Грубер и Рудолф Пишенгер.
Академскиот високогорски клуб од Инсбрук, Австрија го извел првиот скијачки спуст од Ношак во 1970 г.America Alpine Journal: Noshaq Ski Expedition Во екипата бил и познатиот метеоролог Карл Габл.Ulrich Schwabe: Noshaq on skis
Првото зимско искачување е направено на 13 февруари 1973 г. од Тадеуш Пјотрувски и Анджеј Завада од Полска, изведено од северната страна. Ова било првото зимско искачување во светот на врв повисок од 7.000 метри. Досега останува единственото зимско осовојување на оваа планина.
Поврзано Дјурандова линија Географија на Авганистан
Наводи
Надворешни врски
Ношак на Summitpost Ношак на Peakbagger
Категорија:Највисоки точки на земјите Категорија:Планини во Авганистан Категорија:Планини во Пакистан Категорија:Хиндукуш Категорија:Меѓународни планини во Азија