мини| Антички грчки орнаменти на огламник за коњи, Археолошки музеј во Атина Огламник или оглав — дел од запрега што се користи за водење и врзување коњи, говеда и други животни. Огламникот се разликува од уздата главно по тоа што го користи лице кое оди по земја за да го води или врзува животното, додека уздата ја користи јавач кој го јава животното.

Опис Огламникот е лесна кафезна направа изработена од кожа или јаже и за која е прицврстен ремен или јаже за водење. Огламниците главно се разликуваат дали се изработени од рамни ремени (шиени) или од усучени јажиња (врзани јазли).

Огламникот мора добро да се смести зад ушите на животното и околу муцката. мини|Млад бик со огламник

Поврзано Запрега Узда Ѓем

Наводи

Надворешни врски

Cowboy Halter Tying Instruction

Категорија:Животинска опрема