Дренте () — покраина во североисточна Холандија. Се граничи со Оверајсел на југ, Фризија на запад, Гронинген на север и германската покраина Долна Саксонија на исток. Во 2019 г. Дренте имал 493.449 жители и површина од .

Подрачјето е населено веќе 15.000 години. Подоцна станало дел од Епископското Кнежевство Утрехт, Хабсбуршките Ниски Земји, Холандската Република, Батависката Република, Кралство Холандија и Нискоземското Кралство. Постои како покраина од 1796 г. Главен град е Асен.

Дренте е ретко населено рурално подрачје, за разлика од многу делови на Холандија. Освен малите градови Асен (нас. 67.963) и Емен (нас. 107.113), земјиштето на Дренте е земјоделско и има доста шуми и природни предели.

Историја мини|лево|Папелозе Керк, долмен кај Схонорд мини|лево|Карта на Дренте од 1866 г.

Името Дренте доаѓа од поимот thrija-hantja со значење „три краја“.

Дренте е населен уште од праисторијата. Наодите од вулстонско време (пред 150.000 години) се маѓу најастарите во Холандија. Сè до бронзеното време ова впрочем било едно од најнајселените подрачја во Холандија. Највидливи докази за ова се долмените (хунебедови) изградени околу 3500 г. п.н.е. на североистокот на покраината. Тука се наоѓаат сите освен едел долмен во државта. Во 2006 г. е создадено заштитеното археолошко подрачје Струбен-Книпхорстбос меѓу Анло и Схипборг.

Највеќето бронзеновременски предмети во Холандија се најдени во Дренте. Од нив се гледа дека тогашното население имало големи трговски мрежи. Големите бронзени ситули (кофи) најдени во Дренте се изработени некаде во источна Франција или Швајцарија. Тие служеле за мешање на вино со вода (римско-грчки обичај). Многу од наодите се ретки и вредни предмети како ѓердани од калајни монистра, што укажуваат на тоа дека Дренте бил трговси центар на Холандија во бронзено време.

Во писмените наоди Дренте за првпат се среќава во документ од 820 г. како Pago Treanth (околија Дренте). Архиците од Утрехт од 1024 до 1025 г. спомуваат град Дренте, кога царот Хајнрих II му го предал на епископот Адалболд II Утрешки. Потчинувањето на овој регион на Светото Римско Царство го доживеало својот врв во Дрентскиот крстоносен поход започнат од папството околу 1228-1232 г.

По долго време под Утрешката епископија, епископот Хајнрих Фалечки во 1528 г. му го отстапил Дренте на царот Карло V, кој го припоил кон Хабсбуршките Ниски Земји. Со прогласувањето на Републиката на Седумте Обединети Покраини во 1581 г. Дренте станал дел од Грофовијата Дренте, иако никогаш не се стекнал со целосен покраински статус поради сиромашноста на крајот; покраината била толку сиромашна што била ослободена од државни даноци, и поради тоа немала свои претставници во Генералниот совет. Батависка Република која уследила го прогласила за покраина на 1 јануари 1796 г.

Географија мини|Националниот парк Двингелдерфелд мини|Националниот парк Дрентски А

Дренте е сместен во североисточна Холандија. На север е Гронинген, на запад е Фризија, на југ е Оверајсел, а на исток е се германските окрузи Емсланд и Грофовија Бентхајм во покраината Долна Саксонија.

Ова е деветта по големина покраина во Холандија. Зафаќа површина од , од кои се копно и вода. Околу 72 % од земјиштето () е земјоделско.Bodemgebruik; uitgebreide gebruiksvorm, per gemeente, Statistics Netherlands, 2013. .

Дренте има неколку вресишта и нема значајни реки и езера. Во покраината навлегуваат националните паркови Дретско-фризиска Шума и Двингелдерфелд, како и националниот предел Дрентски А.

Најголеми населени места се покраинското седиште Асен на север и Емен, Мепел, Хогевен и Куворден на југ.

Општини Покраината има 12 општини:

ОпштинаНаселениеГустина(жит./км2)Површина(км2)А ен Хунзе93 278,88 Асен820 83,45 Боргер-Одорн94 277,89 Куворден121 299,69 Емен324 346,25 Хогевен430 129,25 Мепел585 57,03 Миден-Дренте98 345,87 Норденфелд154 205,32 Тинарло225 147,7 Вестерфелд69 282,74 Де Волден106 226,35 

Население

Во 2014 г. Дренте имал 488.957 жители со густина од .Bevolkingsontwikkeling; regio per maand, Statistics Netherlands, 2017. . Ова е една од наслабо населените покраини во земјата, само пред Флеволанд и Зеланд. Најголема општина е Емен.

Религија Во 2015 г. 23,8 % од жителите биле протестанти, 9,3 % биле католици, 0,9 % биле муслимани, 3,6 % припаѓале на други цркви и вери. Повеќе од половина (62,4 %) се изјасниле како нерелигиозни.

Стопанство Најважната гранка е земјоделството, но околу поголемите градови има и индустрија. Застапен е и туризмот.

Мирните предели во покраината привлекуваат туристи. Дренте е познат по туристичкиот велосипедизам и има стотици километри велоспедски патеки низ шуми, вредишта и долж канали. Покраината извесува во Холандија и увезува суровини и стоки до Германија, што ја прави поволна за деловно работење. Тука се сместени бројни холандски и германски меѓународни претпријатија.

Бруто домашниот производ (БДП) на покраината изнесувал 15,1 милијарди евра во 2018 г., што сочинува 1,9 % од производството во Холандија. БДП по глава на жител прилагоден на куповната моќ изнесува 26.700 евра.

Наводи

Надворешни врски

Службен портал на Дренте Дренте на Википатување

Категорија:Покраини во Холандија