Кмерско Царство (кмерски: ចក្រភពខ្មែរ: Chakrphup Khmer или អាណាចក្រខ្មែរ Anachak Khmer) ― хинду-будистичко царство во Југоисточна Азија. Државата, која нејзините жители ја нарекувале Камбуџа, постоела од 802 до 1431 година на територијата на денешните држави Камбоџа, Виетнам, Тајланд и Лаос со центар во Ангкор. Историчарите овој период од историјата на Камбоџа го нарекуваат ангкорски период. Кмерското Царство управувало (или имало вазални држави под своја контрола) со поголемиот дел од континентална Југоисточна Азија, а на север се протегало до Јужна Кина. При својот врв, царството било поголемо од Византиското Царство, кое постоело во исто време.Galloway, M. (2021, May 31).
Кмерското Царство било основано во 802 година, кога кмерскиот принц Џајаварман II се прогласил за чакравартин (буквално „универзален владател“, титула еквивалентна на „цар“). Царството пропаднало откако сијамското кралство Ајутаја во 1431 година го освоило Ангкор; причините за падот на царството сè уште се предмет на научна дебата.LOVGREN, S. (2017, April 4).
Најголемо наследство на царството е наоѓалиштето Ангкор. Величествените споменици на Ангкор, како Ангкор Ват и Бајон, сведочат за огромната моќ и богатство на Кмерското Царство, импресивната уметност и култура, архитектонската техника, естетските достигнувања и разновидните системи на верување кои ги поддржувало своевремено. Со сателитски снимки било откриено дека Ангкор, за време на неговиот врв од 11-тиот до 13-тиот век, бил најголемиот прединдустриски урбан комплекс во светот. Истражувачите, исто така, откриле дека Кмерското Царство го измислил првиот здравствен систем во светот, кој се состоел 102 болници.Bunthoeurn, O. (2022, July 21).
Историја
Основање и раст лево|мини| Кмерски стрелци качени на слонови; рељеф во Бајон Според еден натпис во храмот Сдок Кок Том, Higham, C. (2014). околу 781 година, кмерскиот принц Џајаварман II ја основал Индрапура како главен град на неговото владение.Higham 1989, pp. 324 ff. Откако се вратил во својот дом во поранешното кралство Ченла, брзо стекнал влијание и поразил низа сопернички кралеви. Во 790 година станал крал на кралството кое од Кмерите било наречено Камбуџа. Потоа главниот град го преселил на брегот од езерото Тонле Сап.
Џајаварман II (владеел 802–835)Higham, C. (2001). се смета за крал основач на Кмерското Царство. Историчарите се согласуваат дека ангкорскиот период од историјата на Камбоџа започнал во 802 година, кога Џајаварман II во грандиозен ритуал ја осветил светата планина Махендрапарвата, денес позната како Пном Кулен. На ритуалот, Џајаварман II се прогласил за чакравартин (во превод од санскритски, „универзален владател“; старокмерски: Kamraten jagad ta Raja) и девараџа (во превод од санскритски „добар крал“). Тој, исто така, ја прогласил независноста на Камбуџа од местото кое во натписите се нарекува „Јава“.
Во годините што следувале, тој ја проширил својата територија и основал нов главен град, Харихаралаја, во близина на денешниот град Ролуос.Coedès, George (1968). Со тоа ги поставил темелите на Ангкор, кој се издигнал на околу 15 км северозападно од Харихаралаја. Џајаварман II починал во 835 година,Higham, C. (2001). а го наследил неговиот син Џајаварман III. David Chandler, A History of Cambodia, p. 42. Џајаварман III умрел во 877 година и бил наследен од Индраварман I.
Наследниците на Џајаварман II продолжиле да ја прошируваат територијата на Камбуџа. Индраварман I (877–889) без војни успеал да го прошири кралството и започнал големи градежни проекти овозможени од богатството стекнато преку трговија и земјоделство. Најважни биле храмот на Преа Ко и иригациониот систем. Индраварман I продолжил да ја развива Харихаралаја и околу 881 година го изградил Баконг.Higham, C. (2014). Баконг има големи сличности со храмот Боробудур на Јава, и можеби служел како прототип за Баконг.
Индраварман I го наследил неговиот син Јасоварман I (владеел 889–915), кој основал нова престолнина, Јасодхарапура, прв поголем град во областа Ангкор. Главниот храм во градот бил изграден на Пном Бакхенг, рид од околу 60 метри над рамнината на која се наоѓа Ангкор. Источен Барај, огромен резервоар за вода со димензии 7,1 на 1,7 километри, исто така бил направен за време на владеењето на Јасоварман I.Coedès, George (1968). Higham, C. (2014).
На почетокот на 10 век, царството се расцепкало. Џајаварман IV го преселил главниот град во Лингапура (денешен Ко Кер), на околу 100 км североисточно од Анкор.Higham, C. (2014). Откако Раџендраварман II се искачил на престолот (владеел 944–968), кралската престолнина била вратена во Јасодхарапура. Тој продолжил со градежните потфати на претходните кралеви и изградил многу хиндуистички храмови во областа Ангкор, како Пре Руп и Источен Мебон, храм кој се наоѓа на вештачки остров во Источен Барај. Биле изградени и неколку будистички храмови и манастири. Во 950 година започнала првата војна помеѓу Камбуџа и кралството Чампа (кое се наоѓало во денешен централен Виетнам).Coedès, George (1968).
Синот на Раџендраварман II, Џајаварман V, владеел од 968 до 1001 година, откако претходно се наметнал за нов крал над другите кнезови. Неговото владеење било период на мир, обележан со просперитет и културен процут. Тој воспоставил нов главен град малку западно од главниот град на неговиот татко и го нарекол Јаендранагари; неговиот државен храм, Та Кео, бил на југ. На дворот на Јајаварман V живееле филозофи, научници и уметници. Биле изградени и нови храмови; а најважни меѓу нив биле Бантеај Среи, кој се смета за еден од најубавите и најуметнички градби во Ангкор, и Та Кео, прв храм во Ангкор целосно изграден од песочник.Coedès, George (1968). Higham, C. (2014). лево|мини| Пирамидата во Кох Кер. Кох Кер (Лингапура) кратко бил главен град на Камбуџа. По смртта на Џајаварман V имало децениски конфликт. Тројца кралеви владееле истовремено како соперници еден на друг, а потоа на престолот се качил Сурјаварман I (владеел 1006–1050) и го презел главниот град Ангкор.Coedès, George (1968). Неговото владеење било обележано со повеќекратни обиди на неговите противници да го соборат и војни со соседните кралства.Kenneth R. Hall (October 1975). На почетокот на неговото владеење, Сурјаварман I воспоставил дипломатски односи со династијата Чола од јужна Индија.A History of Early Southeast Asia: Maritime Trade and Societal Development by Kenneth R. Hall p. 182
Во првата деценија од 11 век, Камбуџа влегла во војна со кралството Тамбралинга од Малајскиот Полуостров.Kenneth R. Hall (October 1975).R. C. Majumdar (1961), "The Overseas Expeditions of King Rājendra Cola", Artibus Asiae 24 (3/4), pp. 338–342, Artibus Asiae Publishers Откако одолеал на неколку напади од неговите непријатели, Сурјаварман побарал помош од моќниот чолски цар Раџендра I.Early kingdoms of the Indonesian archipelago and the Malay Peninsula by Paul Michel Munoz p. 158Society and culture: the Asian heritage : by Juan R. Francisco, Ph.D. University of the Philippines Asian Center p. 106 Откако дознал за сојузот на Сурјаварман со Чола, Тамбралинга побарала помош од кралот на Сривијаја, Санграма Виџајатунгаварман. Сето ова довело до војна меѓу Чола и Сривијаја. Војната завршила со победа на Чола и Камбуџа и големи загуби за Шривијаја и Тамбралинга. Двата сојузи имале религиозни нијанси, бидејќи Чола и Камбуџа биле хинду шаивити, а Тамбралинга и Сривијаја биле Махајана будисти. Има индикации дека, пред или по војната, Сурјаварман I му подарил кочија на Раџендра I за да ја олесни трговијата или сојузот.Coedès, George (1968). Economic Development, Integration, and Morality in Asia and the Americas by Donald C. Wood p. 176Indian History by Reddy: p. 64
По смртта на Сурјаварман I во 1050 година, тој бил наследен од Удајадитјаварман II, кој ги изградил Бапуон и Западен Барај.Coedès, George (1968). Во 1074 година, имало конфликт меѓу Харшаварман III, помлад брат и наследник на Удајадитјаварман II, и Хариварман IV.
Златно доба на кмерската цивилизација
Владеење на Сурјаварман II и Ангкор Ват 12 век бил време на војни и брутални борби за моќ. За време на владеењето на Сурјаварман II (владеел 1113–1150) кралството внатрешно се обединило.Higham, C. (2001). Во период од 37 години бил изграден Ангкор Ват, посветен на богот Вишну. На исток, походите на Сурјаварман II против Шампа и Даи Виет биле неуспешни. Сепак, во 1145 година успеал да ја освои Виџаја и да го собори Џаја Индраварман III.Maspero, G., 2002, The Champa Kingdom, Bangkok: White Lotus Co., Ltd., Кмерите ја држеле Виџаја под своја контрола до 1149 година, кога биле протерани од Џаја Хариварман I.Coedès, George (1968). Во 1114 година, Сурјаварман II пратил делегација во Чола и на царот Кулотунга I му подарил скапоцен камен.A History of India, Hermann Kulke, Dietmar Rothermund: p. 125.Commerce and Culture in the Bay of Bengal, 1500–1800 by Om Prakash, Denys Lombard pp. 29–30
Следел уште еден период на кратко владеење на кралевите кои биле насилно соборувани од нивните наследници. Во 1177 година главниот град бил нападнат и ограбен од страна на чамската флота под команда на Џаја Индраварман IV, а кралот на Кмерите Трибхуванадитјаварман бил убиен.Coedès, George (1968). Maspero, G., 2002, The Champa Kingdom, Bangkok: White Lotus Co., Ltd., ISBN 9747534991
Владеење на Џајаварман VII и Ангкор Том
Кралот Џајаварман VII (владеел 1181–1219) се смета за најголемиот крал на Камбоџа. Тој уште како принц бил војсководец. Откако Чампа го освоила Ангкор, тој собрал војска и го вратил главниот град. Потоа, се искачил на престолот и во следните 22 години продолжил да војува против Чампа. Кмерите ја поразиле Чампа во 1203 година и освоиле големи делови од нејзината територија.Coedès, George (1968). Maspero, G., 2002, The Champa Kingdom, Bangkok: White Lotus Co., Ltd., ISBN 9747534991 Според кинески извори, во 1195 година Џајаварман VII кон територијата на Кмерското Царство го додал Пегу.Chatterji, B. (1939).
Џајаварман VII е последен од големите кралеви на Ангкор, не само поради неговата успешна воена кампања против Чампа, туку и затоа што тој не бил тирански владетел како неговите непосредни претходници. Тој го обединил царството и презел значајни градежни потфати. Бил изграден новиот главен град, денешен Ангкор Том. Во центарот на градот, кралот (кој бил следбеник на махајана будизмот) го изградил Бајон како државен храм,Higham, C. (2014). со кули на кои се наоѓаат лицата на бодисатва Авалокитешвара, секоја кула е висока неколку метри, направена од камен. Други важни храмови изградени за време на Џајаварман VII биле Та Пром за неговата мајка, Преа Кан за неговиот татко, Бантеај Кдеи и Неак Пеан, како и резервоарот Сра Сранг. Била изградена патна мрежа која ги поврзувала сите градови во царството, со одморалишта за патници и 102 болници низ целото царство.Coedès, George (1968).
Владеење на Џајаварман VIII По смртта на Јајаварман VII, на престолот се искачил неговиот син Индраварман II (владеел 1219–1243).Coedès, George (1968). Тој довршил многу храмови започнати за време на владеењето на неговиот татко. Како воин не бил многу успешен. Во 1220 година, под притисок на сѐ помоќниот Даи Виет и неговиот сојузник Чампа, Кмерите се повлекле од многу провинции кои претходно ги освоиле од Чамите.
Индраварман II бил наследен од Џајаварман VIII (владеел 1243–1295). За разлика од неговите претходници, Џајаварман VIII бил следбеник на хинду шивизмот и агресивен противник на будизмот. Тој уништил многу статуи од Буда во царството, а будистичките храмови ги претворил во хинду храмови.Higham, C. (2001). Во 1283 година монголската династија Јуен ја нападнала Камбуџа. Џајаварман VIII избегнал војна на тој начин што од 1285 година почнал да им плаќа годишен надомест на Монголите.Coedès, George (1968). Владеењето на Џајаварман VIII завршило во 1295 година кога бил сменет од неговиот зет Сриндраварман (владеел 1295–1309). Новиот крал бил следбеник на теравада будизмот, будистичка школа која во југоисточна Азија пристигнала од Шри Ланка и потоа се проширила низ поголемиот дел од регионот.