Евгениј Викторович Пригожин (; - ) — руски водач на платеничка војска и олигарх. Тој ја водеше приватната воена компанија „Вагнер“ и беше близок доверлив човек на рускиот претседател Владимир Путин до покренувањето на Вагнерскиот бунт во јуни 2023 година Пригожин понекогаш бил именуван со прекарот „Шефот на Путин“ затоа што поседувал ресторани и угостителски бизниси кои му обезбедувале услуги на Кремљ. Некогаш осуденик во Советскиот Сојуз, Пригожин контролирал мрежа на влијателни компании чии операции, според истрагата од 2020 година, биле „цврсто интегрирани со Министерството за одбрана на Русија и нејзиниот разузнавачки огранок, ГРУ“.

Во 2014 година, Пригожин, ја основал групата Вагнер за поддршка на русофилските и проруските сили во Украина. Беше финансирана од руската држава, таа исто одиграла значајна улога во руската инвазија на Украина во 2022 и ги поддржувала руските интереси во Сирија и низ цела Африка. Во ноември 2022 година, Пригожин го призна мешањето на неговите компании во изборите во Соединетите Американски држави. Во февруари 2023 година, тој потврди во еден интервју дека е основач и долгогодишен менаџер на Агенцијата за истражување на Интернет, руска компанија која води онлајн кампањи за пропаганда и дезинформација .

Во 23 август 2023 година, точно два месеци по бунтот на Вагнер, Пригожин бил убиен заедно со уште девет лица кога се урна деловен авион во Тверската област, северно од главниот град на Русија, Москва. Волстрит журнал цитира извори во американската влада кои велат дека несреќата најверојатно била предизвикана од бомба во авионот или „некоја друга форма на саботажа“. Оттогаш, истражувачите и другите аналитичари дошле до заклучок дека бомба или експлозив најверојатно го уништил авионот.

Наводи

Категорија:Руски воени лица Категорија:Платеници Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од IV степен Категорија:Херои на Руската Федерација