мини|десно|Тестаментот на Алфред Нобел од 27 ноември 1895 мини|десно|Тестамент пишуван на македонски јазик, од 1884 година. Тестамент или завештание е еднострана изјава на последната волја на оставителот во однос на неговиот имот дадена во форма пропишана со законот, со којшто се уредуваат наследно-правните односи (во РМ – Законот за наследување) со која оставителот одредува кое лице или кои лица ќе му бидат наследници и кој дел од оставнината ќе му припадне на наследникот, односно на наследниците по неговата смрт. Тестаментот претставува еден од основите за повикување на наследство.
Наследување и правна природа на тестаментот Под поимот наследување врз основа на тестамент (тестаментално наследување) се подразбира наследување врз основа на еднострана изјава на волја (тестамент) на оставителот дадена за време на неговиот живот во форма пропишана со закон со која се одредува на кој од наследниците ќе му припадне оставината или дел од неа по неговата смрт. Давателот на тестаментот се вика завештател или тестатор. Лицата коишто наследуваат врз основа на тестамнет се викаат тестамнтални наследници. Кај ова наследување, за разлика од законското наследување, примарно значење има волјата на тестаторот како сопственик на имотот да располага со имотот согласно со неговите интереси на кои, се разбира, се заснова неговата волја да го состави тестаментот.
Основна правна одлика на тестаментот е тоа што тој претставуа еднострана изјава на волја на завештателот. При неговото составување не може да стене збор за согласност на волјите на две или повеќе лица, нити пак важноста на тестаментот може да зависи од тоа. Токму поради тоа, составувањето и постоењето на тестамент може да остане непознаница за секое друго лице сè до смртта не завештателот. Тестаментот е строго личен акт на завештателот. Тој е непосреден производ на неговата волја. Поради тоа, секој којшто сака да направи тестамент, мора тоа да го стори лично. Застапувањето при составувањето на тестаментот е исклучено. Едноставно него не може да го направи застапник, односно полномошник на завештателот. Потоа тестаментот е отповиклива изјава на волја. Отповикливоста на тестаментот произлегива од неговата природа како еднострана и слободна изјава на волја на завештателот. Завештателот секогаш може да го отповика тестаментот сè до својата смрт.
Видови на тестамент Значењето на тестаментот како од аспект на правната сигурност, така и од аспект на интересите на граѓаните кога е во прашање расправање на оставината, ја наметнува потребата тој да биде направен во посебна форма. Формата на тестаментот треба да обезбеди, пред сè, да се спречат случаите на пренагленост во донесувањето на одлуката на последната волја во поглед на имотот, да ја загарантира сериозноста на таа одлука, да ја зголеми јасноста во толкувањето на волјата на тестаторот, да ја намали можноста од настапување на случаи на недостатоци на волјата на тестаторот, да обезбеди доказ за последната волја во поглед на имотот на тестаторот, да го зголеми степенот на извеснот при наследувањето, и да ја намали можноста од евентуално фалсификување на тестаментот. Македонското наследно право познава повеќе видови на тестамент според формата. Сите тие се пропишани со одредбите на Законот за наследување.
Законот за наследување ги пропишува следните видови на тестамнет според формата: своерачен тестамент, судски тестамент, тестамент составен пред дипломатски или конзуларен претставник во странство (дипломатско-конзуларен тестамент), тестамент составен за време на воена состојба (војнички тестамент), меѓународен тестамент и устен тестамент
Своерачен тестамент мини|десно|Пример за тестамент од 1918 година, од град Куманово. Под поимот своерачен тестамент се подразбира тестамент којшто завештателот (тестаторот) сам со своја рака го напишал и го потпишал. Без значење е тоа на кој јазик е напишан тестаментот. Исто така, без значење е кое писмо е употребено при пишувањето на тестаментот. За своерачно пишување на тестаментот може да се употреби било кое средство погодно за пишување. Потоа, тестаментот може да бида напишан на каков било материјал како подлога за пишување (хартија, парче картон, дрво, стакло, лимена фолија, итн. На пример, ако еден планинар доживее несреќен случај и користејќи ги последните животни сили непосредно пред смртта со врвот на џепното ноже напише тестамент на алуминиумско шише за вода, тоа нема да биде пречка за полноважност на тестаментот. Во врска со ова треба да се истакне дека од суштествено значење е тоа да во конкретниот случај нема никакво сомневање во поглед на сериозноста на изјавата на последната волја на завештателот.
Што се однесува до потпишувањето, завештателот може да се потпише со цело име и презиме, или пак со почетната буква на името и целото презиме или само со името, односно со презимето ако се знае дека тој така се потпишувал и тоа не предизвикува сомневање во поглед на фактот кој е тестаторот - завештателот. Завештателот може да се потпише и со неговиот прекар ако по него бил познат во средината во која живеел и работел. Најпосле потписот може да биде даден со примена на израз кој јасно го означува завештателот како на пример „вашиот татко“, „тато“, „вашата мајка“ или само „мама“, „вашиот брат“ „бато“ и сл. Според Законот за наследување, своерачниот тестамент ќе биде полноважен ако завештателот го напишал со своја рака. За полноважност на тестаментот не е нужно, но е корисно, во него да е означен датумот кога е составен. мини|Писмо (тестаментот на Лудвиг ван Бетовен) до д-р Јохан Баптист Бах, Виена, 6.3.1823 (Музејот на Бетовен во Бон)
Судски тестамент Судскиот тестамент претставува писмен тестамент составен со учество на надлежниот основен суд како јавен орган. Овој тестамент, според Законот на завештателот му го составува судија на основен суд. Судијата, пред почетокот на составувањето на тестементот, е должен претходно да го утврди идентитетот на завештателот. По составувањето на тестаментот судијата е должен да му го прочита на завештателот, и потоа да му го даде да го потпише. Откога завештателот ќе го прочита и потпише ваквиот тестамент, судијата на самиот тестамент ќе потврди дека завештателот во негово присуство го прочитал и го потпишал.
Во случај завештателот да не е во состојба да го прочита тестаментот што му го составил судијата, овој ќе му го прочита на завештателот во присуство на двајца сведоци. Потоа, завештателот во присуство на истите сведоци ќе го потпише тестаментот или ќе стави на него свој ракознак, откога ќе изјави дека тоа е негов тестамент. По завештателот, тестементот го потпишуваат сведоците. Кога тие ќе го потпишат судијата со свој потпис ќе потврди на тестаментот дека се извршени сите горенаведени дејствија.
Сведоци при составувањето на судски тестамент можат да бидат полнолетни лица на кои не им е одземена деловната способности кои знаат да читаат и пишуваат, а го разбираат јазикот на кој е составен тестаментот. Не можат да бидат сведоци при составувањето на судски тестамент, ниту тестаментот да го состават по кажување на завештателот во својство на судија: потомците на завештателот, неговите посвоеници и нивните потомци, неговите предци и посвоители, неговите роднини во странична линија до четвртиот степен заклучно со брачните другари на сите овие лица и брачниот другар на завештателот. Доколку судскиот тестамент содржи одредби со кои му се остава нешто на судијата којшто го составил тестаментот, на записничарот и на сведоците при неговото составување, како и на нивните предци, потомци, браќа, сестри и на брачните другари на овие лица, таквите одредби се ништовни. По составувањето завештателот може судскиот тестамент, како и своерачниот тестемент да му го довери на чување на основниот суд во отворена или затворена обвивка. За тоа судот ќе состави записник, а тестаментот ќе го стави во одделна обвивка, што ќе ја запечати и ќе ја чува во судот на за тоа посебно определено место.
Дипломатско-конзуларен тестамент Секој граѓанин на Република Македонија кој се наоѓа приврремено или стално во некоја странска држава во која постои македонско дипломатско-конзуларно претставништво може да направи тестамент пред тоа претставништво. Тестаментот се прави на ист начин, односни со иста постапка како и судскиот тестамент. Од ова можеме да заклучиме дека дипломатско-конзуларниот тестамент всушност претставува писмен тестамнет составен пред дипломатско-конзуларен претставник на Република Македонија во странство.
Тестамент составен за време на воена состојба Војничкиот тестамент (testamentum militare) според Законот за наследување се составува за време на воена состојба. Него можат да го користат сите лица кои се наоѓаат на воена должност во воена состојба. Се составува во иста постапка како и судскиот тестамнет. Од ова можеме да заклучиме дека војничкиот тестамент е писмен тестамент составен со присуство на овластени воени лица во воена состојба. На составувањето на тестаментот како овластени воени лица можат да присуствуваат и него да го состават командирот на четата или некој друг старешина од неговиот или од повисок ранг. Во присуство на овие лица тестаментот може да го состави неко друго лице по кажување на завештателот. Ако завештателот во моментот кога одлучил да состави тестаменмт се наоѓал во состав на привремен воен организациски состав (формиран за извршување на одредена борбена задача) – одред, тестаментот може да го состави старешианта кој командува со тој одред или пак друго лице во негово присуство.
Војничкиот тестамент има важност со ограничено траење. Тој престанува да важи по истекот на 60 дена по завршувањето на воената состојба. Ако завештателот е демобилизиран пред завршувањето на воената состојба или по нејзиното завршување, тогаш војничкиот тестамент престанува да важи по истекот на 30 дена од демобилизирањето.
Меѓународен тестамент Законот за наследување не дава дефиниција на меѓународниот тестамент, ниту пак содржи доволно прецизни одредби врз онова на кои би можела да се даде таква дефиниција. Првата од одредбите за овој тестамемт е одредбата на членот 74 која гласи: „Тестаментот составен во форма на меѓународен тестамент е полноважен во поглед на формата, без оглед на местото каде што е направен, каде што се наоѓа имотот, државјанството и живеалиштето, односно престојувалиштето на завештателот“. Според одредбите на членот 76 од Законот за составување на меѓународен тестамент надлежен е судија на основниот суд кој е надлежен и за составување на судски тестамент. Меѓународен тестамент за државјанин на Република Македонија во странство можат да состават и дипломатските или конзуларните претставници на Републиката кои ќе ги определи шефот на дипломатското или конзуларното претставништво. Од ова можеме да заклучиме дека меѓународниот тестамент всушност претставува судски, односно дипломатско конзуларен тестамент од меѓународно значење и за меѓународна употреба. На ваков заклучок посебно упатува одредбата на член 74 која пропишува дека за полноважноста на ваков тестамент без значење се фактите каде тој е напревен, потоа каде се наоѓа имотот на завештателот, каде е неговото живеалиште односо престојвуалиште и чие државјаснтво тој има. Нема сомнение даке овој тестамент се соствува во писмена форма, дека го составува судија на основен суд, односно дипломатско-конзуалрен претставнеик на Република Македонија во странство. Исто така, нема соменение дека мора во насловот на тестаментот да се нагласи дека се работи за меѓународен ттестамент, со цел тој да се разликува од обичнот судски, односно дипломатско-конзуларен тестамент, кои без соменение се однесуваат на тестаментално располагање со имоти на граѓани кои се државјани на Република Македонија, кои имаат живеалиште, односно престојувалиште во Републиката и чии имоти се наоѓаат на територијата на Републиката.
Устен тестамент