Црква Св. Благовештение — православна црква во изградба во Кочани, која припаѓа под Кочанското архијерејско намесништво, Брегалничка епархија, МПЦ - ОА.
Местоположба
Црквата е сместена во источниот дел на населбата Драчевик, западниот дел на Кочани.
Историја Црквата била започната со изградба во 2009 или 2010 година.
На 26 март 2022 година, бил поставен и осветен темелникот на крстилницата „Св. Теодор Тирон“. Крстилницата била ктиторски дар од Кочанците брат и сестра Тодор и Ленче Лазарови. Осветувањето било извршено од страна на Митрополитот Брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија од Кочанското архијерејско намесништво.
Галерија
Поврзано Црква „Св. вмч. Георгиј“ Црква „Св. Преображение“ Параклис „Св. Димитриј“ Евангелско-методистичка црква Дуди Ханум џамија
Наводи
Надворешни врски
Благовештение Кочани Категорија:Храмови посветени на Свети Теодор Тирон во Македонија