ЈУДГ „Павлина Велјанова“ - објект „Детелинка“ ― детска градинка која се наоѓа во Кочани. Таа е огранок на главната градинка „Павлина Велјанова“.
Местоположба Градинката се наоѓа во населбата Драчевик, во западниот дел на Кочани.
Историја
Градежните активности и припремата започнале во ноември 2019 година. Во мај 2020 година, биле ставани темелите на градбата. Во октомври 2021 година, министерот за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ја посетила завршената градинка.
Објектот бил пуштен во употреба на 1 февруари 2025 година, а на 2 јануари 2026 година официјално бил пуштен во употреба, при што на двете пуштања присуствувал премиерот Христијан Мицкоски. Особености Градинката има шест групи, (две јаслени за деца до две годишна возраст и четири до шестгодишна возраст) со сместивост до 112 дечиња. Градинка нуди згрижување на дечиња со попреченост.
Градинката која има приземје и кат, располага со лифт, со две кујни сместени на приземје и на кат, внатрешно детско игралиште со тобоган кој ги поврзува двете нивоа, како и друга опремнина за качување. Детската градинка има и надворешна занимална, која по потреба може да биде отворена или затворена зависно од временските услови.
Галерија
Поврзано Објект „Бамби“ Објект „Ѕвездички“ Објект „Цветови“ Објект „Сончогледи“ Објект „Кокичиња“
Наводи
Надворешни врски Со новата детска градинка во Кочани, населба „Драчевик“ добива урбан лик, Телевизија M-Net HD
Категорија:Драчевиќ (населба) Категорија:Детски градинки во Кочани Категорија:Појавено во 2021 година во Македонија Категорија:Згради и градби од 21 век