Aria edulis е вид листопадно дрво од семејството рози.
Потекнува од поголемиот дел на Европа, како и од Северна Африка и умерена Азија. Генерално претпочита суви варовнички и кредести почви.
Култиварите А. edulis 'Lutescens', и A. edulis 'Majestica', со големи листови, ја добиле наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.
Бобинките се јадат кога се презреани.
Опис
Мало дрво, до 15 м високо, а се среќава и како грмушка. Кората на стеблото мазна, сива со белузлави пеги. Младите гранчиња влакнести, покасно оголуваат, а кората им е црвеникаво-кафеава и светликава. Пупките светлокафеави, заострени, а лушпите на пупката на врвот и по работ густо влакнести. Листовите 10-12 цм долги, 8-9 цм широки, јајцевидни, јајцевидно-ланцетни или широко-елиптични, одн. за половина подолги отколку широки, најшироки кон средината или под средината, на врвот заокруглени или заострени, во основата клиновидно стеснети или заокруглени, по работ неправилно двојно напилени или назабени, поретко плитко насечени и образуваат мали заострени лобуси.
На горната страна темнозелени, на долната страна сиво-бело-волнести, со 8-15, но најчесто со 12 пара жили. Прилисниците 2-3 мм долги, линејно-ланцетни, на надворешната страна и по работ густо волнести. Цветовите 10-15 мм во пречник, групирани во штитовидно-метличесто соцветие. Цветните дршки со различна должина и густо влакнести, а покасно се голи. Чашкините ливчиња триаглести, до 3 мм долги, заедно со хипантиумот влакнести. Венечните ливчиња бели, околу 5-6 мм долги, обратно-јајцевидни, во основата влакнести. Прашниците околу 20. Столпчињата 1 или 2, до половината сраснати помеѓу себе, во основата влакнести. Плодот топчест или јајцевиден, 8-15 мм долг, портокалов или портокалово-црвен и обично со многубројни мали лантицели.
Широко распространето растение, и тоа најчесто врз варовничка подлога.
Наводи
Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија